Тешка кражба во стан во Гевгелија
Објавено во: Македонија 25 Март, 2018
Во периодот од 18.03.2018 до 24.03.2018 година, во станот сопственост на А.Л. од Гевгелија на булевар „Гевгелија“ непознат сторител извршил тешка кражба.
Според пријавата, сторителот одзел 8.300 евра и 100.000 денари, по што побегнал во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.