31 Мај, 2024
0.0281

Интервју со Христина Велковска - Претседателка на МАЦЕКС и Сопственичка на Вита Институт

ИНТЕРВЈУ ВЕЛКОВСКА: Претставување на Интерсекцијата помеѓу Искуството на клиентите (CX) и Искуството на Вработените (EX) на претстојната Конференција “FIRESTARTER 24”!

Објавено во: Македонија 13 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Во очекување на најновата конференција за интерсекција на искуството на клиентите CX и искуството на вработените EX, “FIRESTARTER 24”, која ќе се одржи на 30ти мај во Хотел Хилтон, Скопје, разговараме со Христина Велковска, претседателка на Македонската асоцијација за искуство на клиенти и вработени, МАЦЕКС, организатор на настанот.

Станува збор за еден од најголемите бизнис настани годинава, каде што ќе се истражуваат најновите трендови, најдобрите практики и иновативни стратегии за да се обезбеди посветена, ефикасна и успешна соработка на одговорните за креирање на искуството на клиентите и искуството на вработените.

Вкрстени теми за водење на бизнисот кон клиентите и кон вработените е фундаментален пристап во делувањето на Македонската асоцијација за искуство на клиенти и вработени (МАЦЕКС). Зошто овој пристап е толку важен?- Ја прашавме претседателката на МАЦЕКС и сопственичка на Вита Институт, Христина Велковска!

Со секојдневното развивање на бизнис средината, се зголемува потребата за разбирање на врската помеѓу искуството на клиентите и искуството на вработените. Оваа конференција ќе биде место каде што водечките мислители, експерти и професионалци ќе се сретнат за да споделат свои искуства, да ги разгледаат предизвиците и можностите, и да идентификуваат начини за да се подобри врската помеѓу овие два важни аспекти на бизнисот.

МАЦЕКС ја создадовме за да инспирираме соработка помеѓу различни професии и да го зголемиме меѓусебното разбирање и делување во правец на создавање исклучителни искуства на клиенти и вработени. Маркетинг и продажба, човечки ресурси и грижа на корисници заедно со генералниот менаџмент, да имаат можност за размена на искуства и знаења на едно место, но и да создадеме вмрежување со висок диверзитет на индустрии и сектори.

Сите функции на менаџментот се поврзани и нивната улога е да ја јакнат организацијата одвнатре, со идеи и заложби за поставување најдобри менаџерски практики и следење на иновации, но од друга страна успехот на компанијата го мериме преку одржливост, раст и развој на бизнисот за што репер ни се задоволни и лојални клиенти. Од тука, колку и да зборуваме дека сплотен менаџмент е предуслов, со заедничка визија и мисија, со фокус за развојот не само на својот сегмент туку и на останатите делови од организацијата, истото сеуште се јавува како слабост кај компаниите. Недостатокот на време и динамиката на оперативната работа најчесто се причини и изговори кои не оставаат простор за интерсекција, меѓусекторска соработка и согледување на важноста и плановите на останатите колеги. Затоа оваа потреба је ставивме високо на листата на приоритети и во програмата на интернационалната конференција “Firestarter24”. Целта е да ги прошириме и вкрстиме интересите, со цел и да се добие големата слика на бизнисите одвантре и однадвор, да се слушне за трендовите и иновациите во сите сегменти, а при тоа да се долови значењето и придонесот на секоја посебна улога. Искуството од минатогодишната конференција „Firestarter23”,  ни покажа дека можноста да седнат на една иста маса сите членови на менаџерските тимови и да се инволвираат на теми кои се од заеднички интерес и со останати компании од истиот или други сектори, самите посетители на конференцијата ја оценија како една од поважните придобивки од настанот.

Во рамки на вашите активности оваа година воведовте национална сертификациона програма за мерење на искуството на вработените по интернационално докажана методологија „QUINTAUM“. Ова е обид за подигнување на свесноста на компаниите за значењето на искуството на вработените и прифаќање на потребата за креирање „Пристојно место за работа и живот“. Може ли да ни дадете повеќе информации за оваа сертификација?

Методологијата „QUINTAUM“ за мерење на организациската култура и искуството на вработените веќе неколку години се спроведува во европски земји, но и во македонски компании кои се отворија да направат „крвна слика“, односно скенирање на состојбите во својата компанија и потоа креирање развојни активности поврзани со резултатите од истражувањето. Искуствата се одлични, сликата се добива на индивидуално ниво за добросостојбата на вработените, но и на колективно ниво за долгорочното здравје на организацијата, преку повеќе од 300 бизнис сигнали/индикатори кои се значајни за согледување на спремноста на организацијата за иднината. Од една страна потребата е јасна и лесно разбирлива, менаџерските структури на компаниите сакаат да знаат дали имаат ефикасен систем на стратешко управување, систем за управување со перформанси, кои се јаки и слаби страни на културата, кои се главни мотивирачки фактори(вредности) на колективот и дали се исполнети, дали имаат соодветно лидерство, внатрешна комуникација и дали имаат луѓе кои се спремни да ја напуштат компанијата. Секое превентивно скенирање на овие состојби и многу други дава предност за носење соодветни и издржани одлуки, и ефикасно управување со промените.

Од друга страна компаниите сакаат да знаат како стојат во однос на пазарот, конкуренцијата и сл. За истото ја направивме оваа национална сертификациона програма, оваа година имаме почетен број на компании кои се вклучија и се надеваме дека од година во година се повеќе компании ќе се вклучат во истата со што резултатите на национално ниво ќе бидат поттик за компаниите да се стремат кон извонредност во однос на постигнување на внатрешни состојби за позитивно искуство на вработените. Позитивно искуство на вработените е предуслов за позитивно искуство на клиентите на компанијата!

На конференцијата ќе бидат доделени признанијата на оние компании кои ќе постигнат резултати во категориите „добро“, „одлично“ или „супериорно“ место за работа и живот. Резултатите ќе ги верификува стручно тело составено од докажани експерти во областа на своето работење, кое делува во рамки на Македонската асоцијација за искуство на клиенти и вработени, МАЦЕКС.

Конференција за искуство на клиенти и вработени „FIRESTARTER24“ која ќе се одржи на 30 мај  е несомнено еден од најважните настани за бизнис заедницата годинава. Што можеме да очекуваме од концептот и програмата оваа година?

Со цел да се креираат подобри искуства на клиентите и вработените, водечките компании и професионалци треба да бидат на врвот на иновациите и да се адаптираат на брзите промени, а оваа конференција ќе биде место каде што тие ќе можат да ги споделат своите искуства, да дознаат за нови стратегии и да ги припремат своите организации за идните предизвици и можности. Конференцијата ќе понуди палета на извонредни интернационални предавачи кои ќе ги споделат своите искуства на темите од искуство на клиенти/ корисници и искуство на вработени, како и интерсекција на овие теми.

Имаме предавачи од Англија, Австрија, Словенија, Малта, Грција, Србија и Македонија. Ќе бидат презентирани добри практики за тоа како компаниите можат да го подобрат искуствотото на вработените, како да се справат со предизвиците на вработени од новата генерација Z, како до поголема флексибилност, инклузивност на вработените и значење на конзистентноста во комуникацијата. Кои лидерски стилови се најделотворени во креирање на високо продуктивни организации. Како да создадете бренд кој ќе трае долго. Кои се предности, но и предизвици кои ги носи користењето на вештачката интелигенција за искуството на вработените и корисниците. За да ги дознаеме состојбите и во нашата земја имаме и две панел дискусии на извршни директори кои ќе ги споделат своите искуства во врска со темите. Она што ќе биде исклучителна можност е богатиот диверзитет на вмрежувањето кое оваа конференција го овозможува, присуство на цели менаџерски тимови на компаниите од различни сектори и индустрии, динамична програма на англиско и македонски јазик со овозможен симултан превод. Во рамки на настанот ќе има и ЕКСПО за поддржувачите и спонзори, како одлична можност за нивно претставување пред присутните. Линк до програмата:https://macex.mk/agenda-2/.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ДИМИТРИЕВСКИ: Во првиот момент, кога ќе сметаме дека нашиот збор не се почитува, нема да бидеме дел од Владата

ДИМИТРИЕВСКИ: Во првиот момент, кога ќе сметаме дека нашиот збор не се почитува, нема да бидеме дел од Владата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Судиите не избраа нов претседател на Уставен суд

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Судиите не избраа нов претседател на Уставен суд

МЕЏИТИ: Тројца до четворица пратеници може да преминат од Европскиот фронт во новото парламентарно мнозинство

МЕЏИТИ: Тројца до четворица пратеници може да преминат од Европскиот фронт во новото парламентарно мнозинство

МАНДАТ ЗА СОСТАВУВАЊЕ НА ВЛАДА: Претседателката Силјановска-Давкова ќе го додели идната недела

МАНДАТ ЗА СОСТАВУВАЊЕ НА ВЛАДА: Претседателката Силјановска-Давкова ќе го додели идната недела

ДУИ: На ВМРО - ДПМНЕ треба да им биде јасно дека Владата не е играчка во нивни и ничии раце

ДУИ: На ВМРО - ДПМНЕ треба да им биде јасно дека Владата не е играчка во нивни и ничии раце

СЕДНИЦАТА ПРОДОЛЖУВА УТРЕ: Уставните судии не избраа нов претседател кој ќе ја замени Кацарска

СЕДНИЦАТА ПРОДОЛЖУВА УТРЕ: Уставните судии не избраа нов претседател кој ќе ја замени Кацарска

СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА: Ќе се кандидирам за претседател на СДСМ

СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА: Ќе се кандидирам за претседател на СДСМ

КРИВИЧНА ЗА ПРИЛЕПЧАНЕЦ: Со две лица грабнале човек, го однеле на мостот „Беласица“ и му одзеле пари

КРИВИЧНА ЗА ПРИЛЕПЧАНЕЦ: Со две лица грабнале човек, го однеле на мостот „Беласица“ и му одзеле пари

ПАРТИЈАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СРБИЈА: Силјановска Давкова да го отповика Фрчкоски затоа што не ја консултирал за Резолуцијата за Сребреница

ПАРТИЈАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СРБИЈА: Силјановска Давкова да го отповика Фрчкоски затоа што не ја консултирал за Резолуцијата за Сребреница