ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ВЛЕЗОТ ВО ГРЦИЈА ПО ГРАНИЦАТА СО МАКЕДОНИЈА: Тројца загинати, автопатот затворен, еве ги деталите
Објавено во: Балкан 10 Септември, 2023 09:46
Најмалку три лица загинаа, а десетици се повредени во сообраќајната несреќа што рано утрово се случи во северниот дел на Грција, во близина на границата со Македонија, при судир на туристички автобус од Србија со две возила.
Поради сообраќајната незгода патот од 6.30 часот утрово е затворен за сообраќај, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчката државна телевизија ЕРТ постоел директен судир на двокатен туристички автобус со 78 туристи од Србија со автомобил, при што загинале тројца од четворицата патници во возилото, а повредени се околу 45 српски туристи, од кои петмина сериозно.
По директниот судир, автобусот се превртел, а во сообраќајката бил вклучен и втор автомобил, најверојатно со српски регистарски таблички, кој удрил во возилото, без да бидат повредени патниците.
По сообраќајната несреќа, автопатот од границата со Македонија е затворен за сообраќај и во двата правци, а возилата се пренасочуваа кон стариот пат.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




