02 Мај, 2024
0.0343

Тешки времиња за кинеската соларна индустрија

Објавено во: Анализа 25 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Кина е најголем производител на сончеви панели во светот. За многу кратко време ја превзема доминацијата од Германија, и нормално Европа не е среќна поради тоа. Веќе подолго време се води сериозна војна за овој пазар. На почеток еден график кој ќе ве воведе во целата приказна: Погледнете ја експлозијата во доминацијата на пазарот на Кинезите. Во период од само шест години Кина го спушти уделот на Германија на само 18%, за сметка на тоа Кинезите контролирале во 2010 година фрапатни 50% од целиот пазар за фотоволтаици. Но работите одат на лошо за Кинезите Компанијата Сантек беше гигант кој испорачуваше 13 милиони соларни панели на илјадници компании во повеќе од 80 држави во светот. Во март 2013 година беше првата кинеска компанија која дифолтираше на долгот кој го имаше за обврзници издадени во долари. Износот е некаде околу половина милијарда американски долари. Згора не сето ова веста што пред некој ден дојде од ЕУ, беше заштрашувачка за компаниите кои преживуваат. ЕУ воведува тарифи за кинеските производители од 47,6% почнувајќи од август оваа година. Толку според оние кои ја донеле оваа одлука е потребно да се покрие влијанието кое го имаат субвенциите од кинеската држава. Што би рекло единствено благодарение на субвенциите кинезите стигнаа до ваква доминација. Целата процедура започна на барање на белгиска компанија во септември 2012 година. Анализите покажале дека влијанието на дампинг политиките на Кина достигнуваат до 88% од продажната цена на панелите. И еве подоле типичен пример за влијанието кое го имале овие политики врз компаниите: Графикот погоре го покажува падот на капиталот на компанијата Солар Ворлд од Германија во период од само шест година. Споредено со 2009 година, грубо девет пати е намален капиталот на оваа компанија, која очекувано е еден од најголемите лобисти за воведувањето на овие анти дампинг политики. Од друга страна: Кинескиот Сантек за кој веќе пишувавме погоре и е веќе на колена за шест години забележал зголемување на приходите од 226 милиони на 3,1 милијарда долари или колку 30% од македонскиот БДП. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад