05 Декември, 2025
0.2621

ТЕШКО Е, ТАКВИ СЕ ВРЕМИЊАТА: Мицкоски вели дека владата прави се за да го олесни животот на граѓаните

Објавено во: Економија 15 Август, 2025 11:22

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека владата прави се за да го олесни животот на граѓаните и да го подобри стандардот.

„Сето ова што го правиме е во насока да го олесниме животот на нашите граѓани и да помогнеме во подобрување на стандардот. Не е лесно, тешко е, такви се времињата и ќе се бориме она кое што можеме ние да го направиме, да го направиме и да го олесниме живеењето на нашите граѓани. Зборував пред некој ден за инфлацијата, последните состаноци кои ги имав со експерти се во таа насока, дека главен поттикнувач на сето ова претставуваат услугите. Во одредени сектори, тие се зголемени за 20 проценти. Тука ние како Влада не можеме премногу, немаме маневрски простор за да интервенираме, но секако, со ваков на чин на однесување како што е ограничување на маржите за училишен прибор, ние тоа ќе го правиме и тоа го правиме“, рече Мицкоски.

Вели дека ограничувањето на маржите не е решение, бидејќи по завршување на мерката, повторно ќе пораснат цените.

„Анализата покажа дека ад хок ограничување на маржи, се прелева во месеците кои следат. Сега тука имаме дилема, ако поставиме континуитет цела година, тогаш дали имаме пазарна економија и дали имаме општество кое се темели на пазарната и слободна економија, но тоа не значи дека ќе толерираме дивеење од страна на одредени ланци на супермаркети кои што преку скриен маркетинг се обидуваат да ги изиграат законите. И за ова многу сериозно се занимава комисијата за заштита на конкуренцијата, веќе ја зајакнавме кадровски. Многу скоро ќе се излезе на терен и овие скриени „маркетинг услуги“ кои дел од снабдувачите, производителите и трговците ги поставуваат во синџирите супермаркети за на подобро место да стои неговиот производ ќе биде жестоко санкциониран. Вториот начин е да се обидеме да интервенираме во услугите, во рамките на можностите, ние не можеме да ги ограничиме која е цената што ќе ја определат“, посочи Мицкоски.

Зголемување на платите, според него би имало само поврзано со зголемување на продуктивноста.

„И во делот на примањата, резонирањето и размислувањето во иднина ќе биде во делот на зголемување на продуктивноста, поврзување на продуктивноста со зголемување на личните доходи. Тоа може да има за нас и политички последици, ќе има и незадоволни, но подобро да ги имаме политичките последици сега, отколку граѓаните на долг рок да чувствуваат неконтролирана инфлација“, рече премиерот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?