30 Март, 2025
0.0411

ТЕШКО СЕ НАОЃА КАДАР: Родители бараат дадилки кои повремено или на кратко би ги чувале нивните деца

Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2024 08:01

Добивај вести на Viber

Родителите бараат дадилки кои повремено или пак за кратко би ги чувале нивните деца, во смисла да го земат детето од училиште и да останат со него додека родителот да си дојде дома. Но, дадилки тешко се наоѓаат, затоа што и жените кои чуваат деца, настојуваат да имаат ангажман со цело работно време и тоа да биде исплатливо.

Сепак, наоѓањето на дадилка која само повремено или за кратко ќе им биде на располагање на родителите оди тешко.

„Јас лично се нафаќам за 6 или 7 – 8 часа дневно, сум чувала дете и до 9 часа дневно, а за викенди и во неработни денови не работам, затоа што и родителите тогаш се дома. Може евентуално на 4 часа дневно да се нафатам, не е поентата да се изгуби денот. Мора да се исплати работата. Јас не би го губела времето за малку пари, за краток ангажман. Никогаш не сум размислувала така и денес не размислувам така“, вели дадилка од Скопје.

Сања Аризанов, претседателка на Македонска асоцијација на дадилки Скопје објаснува дека и порано и денес било и е тешко да се најде лице кое на кратко ќе го чува детето.

„Здружението не е активно веќе 3 години бидејќи се соочивме со големи предизвици во пронаоѓање на соодветен кадар и дополнителна едукација на дадилки и бебиситерки. Во период кога здружениево било активно и пред тоа, имало голема побарувачка за дадилки што работат полно работно време, но и за бебиситерки коишто работат на час и повремено кога родителите имаат потреба. Овој тип на услуга - бебиситинг повремено и по потреба е посебно специфичен бидејќи не овозможува постојани приходи и во главно е наменет за девојки/жени кои не бараат редовна работа, на пример студенти. Од тој аспект е сериозен предизвик да се најде личност од доверба која би работела повремено без да ги остави родителите „на цедило“, но исто така тоа е услуга која е и поскапа заради специфичности. Во едно време имавме платформа на којашто меѓусебно бебиситерките и родителите имаа можност да се запознаат и да го договорат ангажманот, но заради предизвици со финансирање истата е  затворена. Оваа тема е секогаш релевантна бидејќи родителите се соочуваат со разновидни предизвици кога е во прашање грижа и нега на деца. Од стандардни услуги на дадилка за полно време, до ноќни дадилки, бебиситерки за повремени ангажмани во вечерни или денски часови, дадилки со скратено работно време... потребите на родителите се различни и зависат од семејство до семејство“, вели Аризанов.

Додава дека сепак, најголем предизвик е пронаоѓањето на соодветен кадар - одговорни, едуцирани, емпатични дадилки и бебиситерки кои ја сакаат својата работа. Аризанов вели дека дополнително, несоодветната законска регулатива им овозможи на многу личности да се стекнат со лиценца за негувател/дадилка, без да имаат соодветни вештини за таа работа.

„Покрај тоа и нерешен статус на лица кои работат во домашни услови - и редовно и повремено е особено негативен фактор, бидејќи дадилките и бебиситерки во главно работат во сива зона без регулиран работен однос. Темава е широка, сеопфатна и длабока, треба да се крева свеста за професијата, но верувам дека се потребни уште многу напори и чекори за професијата да стане ценета и да ја работат тие што пред сè знаат да работат и сакаат да работат со деца“, рече Аризанов.

Инаку, ова здружение има 48 членови. Она што паѓа во очи е и дека во земјава луѓето многу често бараат жени не само за чување на деца, туку и за нега на стари и изнемоштени лица.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/prostooleh

Можеби ќе ве интересира

Херојот Костадинов: Најтешко ми беше да изнесувам онесвестени на раце

Херојот Костадинов: Најтешко ми беше да изнесувам онесвестени на раце

ПРИМИ ВИТАМИНСКА ИНФУЗИЈА ПРЕД ОПЕРАТА „ТРАВИЈАТА“: Тенорот Благој Нацески има вирусно заболување

ПРИМИ ВИТАМИНСКА ИНФУЗИЈА ПРЕД ОПЕРАТА „ТРАВИЈАТА“: Тенорот Благој Нацески има вирусно заболување

„СО МОМЧИЊАТА“ - БУЈАР ОСМАНИ СПОДЕЛИ ФОТОГРАФИЈА: Во семејна атмосфера пред големиот празник Рамазан Бајрам

„СО МОМЧИЊАТА“ - БУЈАР ОСМАНИ СПОДЕЛИ ФОТОГРАФИЈА: Во семејна атмосфера пред големиот празник Рамазан Бајрам

ПОДИГНУВАЊЕ НА СТРУЧНОСТА И ДОБИВАЊЕ ЛИЦЕНЦИ ЗА КВАЛИТЕТНИ СУДСКИ ПОСТАПКИ: Комората за вештаци организира обука

ПОДИГНУВАЊЕ НА СТРУЧНОСТА И ДОБИВАЊЕ ЛИЦЕНЦИ ЗА КВАЛИТЕТНИ СУДСКИ ПОСТАПКИ: Комората за вештаци организира обука

„ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ВО ВЛОШЕНА СОСТОЈБА, ТИЕ СЀ УШТЕ СЕ ИНТУБИРАНИ“: Денеска се враќаат пациенти од Литванија и од Шведска

„ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ВО ВЛОШЕНА СОСТОЈБА, ТИЕ СЀ УШТЕ СЕ ИНТУБИРАНИ“: Денеска се враќаат пациенти од Литванија и од Шведска

ПО ПОЛНОЌ СТАПУВА И ЛЕТНИОТ РАСПОРЕД НА ЛЕТАЊЕ ОД СКОПСКИОТ АРЕРОДРОМ: Ќе пристигне Изиџет на 2. април, а од мај повторно ја имаме Барселона

ПО ПОЛНОЌ СТАПУВА И ЛЕТНИОТ РАСПОРЕД НА ЛЕТАЊЕ ОД СКОПСКИОТ АРЕРОДРОМ: Ќе пристигне Изиџет на 2. април, а од мај повторно ја имаме Барселона

СКАНДАЛОЗНО ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – СЕ ОБИДУВААТ ДА ГО ЗАШТИТАТ ДЕТЕТО ОД АВТОМОБИЛ ШТО СЕ ДВИЖИ ПО ПЕШАЧКА ПАТЕКА: Сѐ е по старо

СКАНДАЛОЗНО ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – СЕ ОБИДУВААТ ДА ГО ЗАШТИТАТ ДЕТЕТО ОД АВТОМОБИЛ ШТО СЕ ДВИЖИ ПО ПЕШАЧКА ПАТЕКА: Сѐ е по старо

РОДНИНА НА ПРАТЕНИЧКАТА БИСЕРА ЗЛАТЕСКА Е НАЗНАЧЕН ЗА КОМАНДИР: Левица обвинува за најновиот скандал кој доаѓа од МВР

РОДНИНА НА ПРАТЕНИЧКАТА БИСЕРА ЗЛАТЕСКА Е НАЗНАЧЕН ЗА КОМАНДИР: Левица обвинува за најновиот скандал кој доаѓа од МВР

КОЈА Е ЕКОНОМСКАТА ПРЕДНОСТ НА ЛЕТНОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО: Во 2.00 часот по полноќ стрелките на часовникот одат еден час напред

КОЈА Е ЕКОНОМСКАТА ПРЕДНОСТ НА ЛЕТНОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО: Во 2.00 часот по полноќ стрелките на часовникот одат еден час напред