Тешко се продаваат камионите на Волво
Објавено во: Свет 06 Февруари, 2013 09:27
Шведскиот производител на камиони „Волво“ соопшти добивка пред оданочување од 660 милиони круни (околу 76 милиони евра) за четвртото тримесечје лани. Во истиот период во 2011 година добивката на компанијата била речиси десет пати поголема - 6.390 милиони круни.
Волво се соочува со проблеми поради намалувањето на нарачките на многу пазари. На рентабилноста исто така влијае и ниската искористеност на капацитетите, како и високите трошоци за истражувања и развој, а само во текот на последното тримесечје 2012 година, Волво отпушти 2.000 лица.
„Сепак очекуваме сукцесивно подобрување на условите на пазарот во текот на 2013 година, напоредно со зголемувањето на економскиот раст во глобални рамки“, велат од компанијата за шведските медиумите.
Генерално гледано, шведскиот гигант за производство на камиони и тешки товарни возила оценува дека ги има задржано пазарните позиции, и покрај присуството на извесни регионални варијации.
Можеби ќе ве интересира
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ




