19 Декември, 2025
0.0436

ТЕСТОВИТЕ ПО МАТЕМАТИКА И ФИЗИКА КЛУЧНИ ЗА ИДНИТЕ ПИЛОТИ: еве кои услови мора да се исполнат за АЦВ да покрие половина од трошоците за обука

Објавено во: Економија 10 Јули, 2025 07:40

Добивај вести на Viber

Агенцијата за цивилно воздухопловство веќе објави дека ќе финансира половина од трошоците за обуки на пилоти. На нивната веб страна се објавени условите под кои заинтересираните може да се пријават на јавниот повик за обуки за дозволи за пилоти со кофинансирање.

Планот е оваа институција да покрие 50 отсто од трошоците за обука за приватен пилот на авион, за пилот на едрилици по програма со аерозапрега, за пилот на ултралесни воздухоплови, пилот на параглајдер и падобранец.

Согласно објавата на веб страната на АЦВ на овој јавен повик за кофинансирање на обуки на кандидати за стекнување на дозволи за приватни пилоти, може да се пријават кандидати кои се државјани на Македонија, имаат завршено 4 годишно средно образование, да се на возраст од 18 до 30 години, да имаат солидно познавање на англиски јазик, минимум ниво Б2, како и да имаат лекарското уверение за психофизички способности.

Кандидатите исто така ќе треба успешно да положат тест по математика и физика, а договори ќе се склучат со кандидатите кои се највисоко рангирани за секој вид на обука одделно.

Исто така ќе треба да достават нотарски изјава за подготвеност за доплаќање на разликата до целокупниот износ на чинење на обуката за стекнување со дозвола.

-  Воздухопловно лекарско уверение со соодветната класа на здравствена способност за дозволата за која се пријавил кандидатот ќе достават само избраните кандидати пред склучување на Договорот и ќе биде на трошок на кандидатот– се напоменува во јавниот оглас.

Доколку кандидатот се откаже или Организацијата што ја спроведува обуката процени дека кандидатот нема капацитет да ја заврши обуката, делот што го уплатила Агенцијата ќе и биде вратен од страна на кандидатот, освен во случај кога откажувањето е од здравствени причини кои се докажуваат со лекарска потврда. Во овој случај Организацијата на предлог на Агенцијата склучува нов Договор со првиот нареден кандидат од ранг листата, односно се до исцрпување на планираните средства.

-  Доколку на кандидатот во текот на обуката му се потребни дополнителни часови, трошокот за тие часови паѓа на товар на кандидатот. Доколку некој од кандидатите се откаже пред започнување на обуката договорот се раскинува и се склучува нов договор со првиот нареден кандидат од ранг листата за истиот вид на обука, а уплатените средства Организацијата му ги враќа на кандидатот – се појаснува во повикот.

Исто така е дефинирано дека паричниот износ што ќе биде уплатен на Организацијата што ја спроведува обуката ќе се одвива на следниот начин: првите 50 отсто од страна на кандидатот сукцесивно, на два пати по 25 проценти и следните 50 отсто од страна на Агенцијата исто така на два пати по 25 отсто.

-  Лицата кои ќе учествуваат во спроведување на постапката задолжително ќе потпишат Изјава за заштита на лични податоци. Вработените во Агенцијата и лицата кои се во нивно сродство по права линија и по странична линија до прв степен, заради спречување на судир на интереси не може да бидат избрани за кофинансирање на обуката – се појаснува во повикот.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?