ТЕТОВСКИ „ТЕТЕКС“ КУПИ ГОЛЕМ ИМОТ ЗА 900 ИЛЈАДИ ЕВРА - два дуќана во Тетово и недвижност во Брвеница, еве колку чинат поединечно
Објавено во: Економија 22 Декември, 2022 10:06
Компанијата Тетекс од Тетово купува неколку имоти, и тоа во тетовска Брвеница, како и два деловни простори во Тетово.
Вкупната нивна вредност изнесува 901 илјади евра, ако се соберат поединечните суми на трите деловни имоти се купени.
Тетовскиот комбинат за овие купувања на имот ја извести Македонската берза, образложувајќи детално за каков имот станува збор.
Сепак, не е наведено за која цел ќе се користат имотите што се купени.
Еве кои имоти ги има купено Тетекс, а за кои ја известува инвеститорската јавност.
Првиот недвижен имот се наоѓа на КО Брвеница-Вон град, „Ендеклија“ култура 33,класа, и е со површина од 17.031 метри квадратни. Имотот е обезбеден врз основа на Договор за купопродажба. Купен е некаде на средината на декември. Имотот е набавен по купопродажна вредност од опродажна цена од 16.975.000 денари, што е еднакво на 276 илјади евра, плус 18 отсто ДДВ.
Вториот имот што го купила компанијата е деловен простор во Тетово на ул.Страшо Пинџур бр 34, на КО Тетово-1, со право на сопственост, намена на зграда Б1. Всушност од ова може да се заклучи дека станува збор за дуќан со површина од 103 метри квадратни. Вредноста по која е купен овој дуќан изнесува 5,7 милиони денари или 93 илјади евра.
И третиот објект за кој известува дека го купил тетовскиот комбинат, всушност е и најголем и највреден. Станува збор за деловен објект Тетово на ул.Кљуково со вкупна површина од 2.001 метри квадратни. Неговата купопродажна цена е 32,7 милиони денри или 532 илјади евра, плус 18 отсто ДДВ.
Или, вкупната сума на овие имоти е 901 илјада евра, говорат пресметките.
Инаку, тетовскиот комбинат пред неколку години се откажа од производството на текстил, што беше негова главна дејност, или кор бизнис, а компанијата е најголем акционер во прилично успешната ТТК банка.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




