19 Декември, 2025
0.0530

Тежок старт за Макстил, компанијата забележа значителен пад на приходите од продажба

Објавено во: Економија 30 Април, 2013 09:00

Добивај вести на Viber

Најголемиот домашен извозник, челичарницата Макстил, објави значителен пад на приходите од продажба во првото тромесечје од годинава во споредба со лани. Во компанијата очекуваат драматично влошување на сотојбите во нареднитот период.  За првите три месеци од годинава, Макстил оствари 14 милиони евра приходи од продажба, што е за 40% помалку од истиот период лани. Според неревидираниот биланс на успех објавен на Македонската берза, добивката на компанијата за истиот период изнесува 15 илјади евра. Во Макстил, лошата финансиска состојба на компанијата ја оценуваат како продолжение на неповолните состојби од втората половина лани, кои донеле намалени нарачки, пад на продажните цени и неизвесен пласман. “Општите услови за стопанисување во гранката челик и валани челични производи во првиот квартал од годинава се крајно неповолни и се закануваат со нивно драматично влошување“, се вели во образложението од компанијата објавено на Македонската берза. Од Макстил наведуваат дека биле принудени во изминатиот период да работат со редуцирано производство што придонело, испорачаните количини да бидат преполовени во споредба со истиот период лани. Последица на ваквото работење е зголемување на трошоците за одржување затоа што компанијата работела со нецелосно искористен капацитет. Намаленото производство од друга страна, се одразило и врз бројот на вработените. Извештајот во првиот квартал од годинава покажува за 13% намалени трошоци за вработените во споредба со истиот период лани. Тешки денови ја чекаат металната индустрија Во првиот квартал евидентно е значителното намалување на цената на металите. Макстил образложува дека постигнатите продажни цени се движат во надолна линија и дека тој тренд на намалување се очекува да продолжи и во наредниот период. „Просечните продажни цени кај сопствените продажби се намалени во споредба со истиот период минатата година за нешто повеќе од 5%. Споредено со лани, кога завршните залихи беа речиси двојно поголеми во споредба со почетните, во овогодишново прво тромесечие имаме обратна ситуација и значително намалување на залихите, што има свое силно влијание врз искажаната добивка од работењето“, се вели во сопштението од Макстил. Дека металската индустрија не ја чекаат подобри денови, објави и Народната банка во својата најнова анализа, во која се проектира дека годинава цените на никелот ќе се намалуваат, а цената на бакарот ќе оствари подлабок пад. Поволни очекувања за цените на металите се очекуваат дури во 2014 година. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра