„Тезите дека СДСМ преку Добрила Кацарска сака да ви го земе покачувањето се недозволиви“: Уставен суд со остра реакција
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2025 10:48
Уставниот суд најостро ја осудува реториката основана на лаги и манипулации за предметот во кој се оценува уставноста на член 2 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во јавноста познат како „линеарно зголемување на пензиите”.
- Нападнати се интегритетот, самостојноста и независноста на судијата Добрила Кацарска како судија-известител, а истовремено и на Уставниот суд, преку јавното дисквалификување за постапувањето во последниот случај.
Тезите дека „СДСМ преку Кацарска тргна во напад за укинување на зголемување на пензиите“ или „СДСМ преку Добрила Кацарска сака да ви го земе покачувањето“ се недозволиви и можат да создадат погрешна перцепцијата за работењето и постапувањето на Уставниот суд.
Информираме дека до Уставниот суд се поднесени 17 иницијативи од граѓани кои бараат преиспитување на членот 2 од Законските измени и дополнувања на Законот за пензиското и инвалидско осигурување - се посочува во соопштението на Уставниот суд.
Од таму додаваат дека јавните прозивки кон судијата-известител или кој било судија во корелација со партиски интереси претставуваат обид за поткопување на авторитетот на Уставниот суд.
- Судот ги носи одлуките со мнозинство гласови на судиите, а не со глас на еден судија. Свесното пласирање манипулации претставува притисок врз судијата-известител и врз целата институција и е опасен преседан во случај кога некоја одлука не им одговара на политичките субјекти се прогласува за „партиска“.
Јавното напаѓање на судии со шпекулативните говори, претставува директен напад врз институцијата што го штити Уставот. Прашањето на пензиите не смее да се користи како алиби за политичко влијание или вмешување во работата на Судот.
Уставниот суд апелира политичарите да покажат високо ниво на уставно-правна култура, наместо да се служат со реторики на потпалување тензии и дискредитација на судиите, со што ја зголемуваат недовербата во системот и поттикнуваат институционална нестабилност - се укажува во соопштението.
Од Уставниот суд нагласуваат дека останува непоколеблив и имун на секој притисок или обид за влијание, без разлика од кого доаѓа и со какви намери се упатува.
Претходно ВМРО-ДПМНЕ реагираше на информациите дека уставната судијка Добрила Кацарска, која како што кажаа е позната по тоа дека преку ноќ благодарејќи на СДСМ стана Уставен судија, бара да се укине зголемувањето од 7000 денари на пензиите.- Додека поединци судии и обвинители кои немаат ниту кредибилитет ниту легитимитет, блиски до структурите на СДС јавно бараат енормни зголемувања на платите, Кацарска по насока од СДС бара намалување на линеарното зголемување на пензиите - кажа Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




