24 Ноември, 2024
0.0244

Тибетски хороскоп ви открива како да го пронајдете својот пат кон внатрешен мир и среќа

Објавено во: Општо 02 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Овен

Личностите родени во знакот Овен живеат брзо и ретко успеваат да земат здив и да ги забележат малите работи во животот. Токму поради ова тие може да страдаат, освен ако не се одмораат од училиште или работа. Овие личности имаат многу енергија која ја носат со себе во текот на неделата, но кога ќе им се истроши, тие чувствуваат како да ги изневериле другите. Вие сакате сѐ со сета ваша сила, но понекогаш морате да го намалите темпото. Затоа, добро би било да искористите барем еден слободен ден преку неделата и да ја вратите својата енергија.

Бик

Овие личности имаат силна работна етика и сакаат сѐ да завршат навреме. Тешко се соочуваат со неуспехот и наместо да го гледаат како шанса за напредок, тие го сметаат тоа како нивна неспособност. Не сакаат да се мешаат во чувствата на другите, ниту пак да ги повредуваат. Вие треба да бидете малку попустливи кон себе и да не дозволите да ве вознемируваат дури и најмалите работи. Исто така не заборавајте дека немате контрола врз тоа како другите ќе реагираат на вашите зборови, туку само можете да ја контролирате ситуацијата.

Близнаци

Овие личности се многу динамични и комплексни и брзо го менуваат своето мислење. Тие секогаш размислуваат, што може да ги доведе до стресна ситуација. Уживаат во добар разговор, имаат ведар дух, сакаат да водат забавен живот и да бидат со други личности кои имаат иста енергија. Вашиот ум може да ви предизвика стрес, па затоа треба да бидете активни за да се ослободите од него. Вие сте многу социјална личност и ви одговараат секакви активности.


Следна страна

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.