24 Ноември, 2024
0.0275

Тибетски хороскоп ви открива како да го пронајдете својот пат кон внатрешен мир и среќа

Објавено во: Општо 02 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Рак

Овие личности често не се разбрани од страна на другите, лесно може да бидат повредени, па затоа честопати се повлекуваат во себе, наместо да ги искажат своите чувства. Тие сакаат да се чувствуваат безбедно, дури и кога не се, па тогаш се создава стрес кој, откако ќе се преполни, ги открива вистинските чувства. Наместо да им пружите сигурност на другите, пружете си себеси. Практикувајте да медитирате и да го правите она што го сакате. Споделете ја својата мајчинска енергија со другите, така што можете да волонтирате или да помагате на кој било друг начин.

Лав

Лавовите сакаат да имаат контрола над сите нешта во животот и не им се допаѓа кога не знаат како ќе се одвиваат работите. Тие сакаат да бидат во центарот на вниманието и да бидат лидери во сѐ, без разлика дали станува збор за деловниот или приватниот живот. Вие треба да научите како да ги оставите работите да се одвиваат самите, наместо да сакате да преземате водство во секој аспект на животот. Во ред е да барате од другите да ве сакаат и да ве почитуваат, но морате и вие да дадете нешто за возврат.

Девица

Личностите родени во знакот Девица размислуваат на логичен начин и се трудат да го направат најисполнет секој аспект од нивниот живот. Без да имаат некој план, тие се наоѓаат под стрес. Понекогаш се многу критички настроени кон себе и уживаат во професија кој бара огромно внимание. Тие ги решаваат проблемите со леснотија и им помагаат на другите. Меѓутоа, тешко е да се најдат корените на нивните проблеми. Запишувајте ги своите мисли на хартија, без притоа да треба да се проучувате себеси и другите.


Претходна страна  Следна страна

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.