22 Ноември, 2024
0.0281

ТИМЧО МУЦУНСКИ: Целта не ни е да ловиме вештерки, туку да ја откриеме вистината за Еуростандард банка

Објавено во: Економија 21 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Дали пратениците и расправата што се најавува во законодвниот дом ќе помогнат да се одмота клопчето Еуростандард банка. Ќе се разоткријат ли мистериите за тоа како дошло до пропст на банката, и што е уште поважно, каде завршиле милионски суми пари, кои сега не можат да се наплатат и да се обештетат штедачите чии пари останаа заглвени во банката.

Опозицијата во Собрнието бара надзорна расправа за случајот Еуростандард банка. ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднеле иницијатива за  Утврдување на причините и извршувањето на законите во постапката за доведување до стечај на банката, до претседателот на Комисијата за финансирање и буџет, Тимчо Муцуски, кој е пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Муцунски за Фактор вели дека до него се уште не стигнала официјално иницијативата за надзорна расправа за овој случај, но факт е дека во пратеничката група на опозициската партија неа ја подготвувале подолг период наназад.

Претседателот на Комисијата за финансирање и буџет вели дека оваа надзорна распрва сигурно ќе се одржи, но тоа ќе се случи откако ќе заврши пленарната расправа за буџетот за идната година. Не сака да прејудицира, но неговите очекувања се дека тоа би можело да се случи на стартот на идниот месец.

„Јас според Деловникот на Собранието имам обврска ова барање да го ставам како прва точка на наредната седница на Комисијата за финансирање и буџет, на која прво треба да се разгледа барањето за надзорна расправа, а Комисијата потоа треба да одлучи дали ќе има или ќе нема расправа“, вели Муцунски за Фактор.

Но, како што е познато, во Комисијата за финансирање и буџет мнозиснство има владејачката коалиција, односно пратениците од СДСМ, БЕСА и ДУИ.

Можно е да се случи тие да не прифатат да има надзорна расправа и да не се изгласа нејзино одржување, но според Муцунски, постои и друг начин таа да се свика. Односно, според Деловникот, можат 20 пратеници да поднесат барање директно до претседателот на Собранието за одржување на таква надзорна расправа, и таа ќе се одржи на Комисијата за финансирање и буџет.

„Таа иницијатива се подготвува подолг период во нашата пратеничка група, а нашата цел е да ги викнеме сите субјекти и поединци за кои сметаме дека можат да ни помогнат да дојдеме до вистината за тоа што се случувало во работењето на Еуростандард банка, но и каква била функцијата и улогата на Народна банка на Македонија и на другите релевантни државни институции во овој процес“, објаснува Муцунски.

Или конкретно, според него, постојат голем број шпекулации околу банката, што значи дека во случајот би требало да бидат вклучени Финансиската политика и Јавното обвинителство. Како што е познато, деновие НБМ за случајот Еуростандард банка поднесе и кривични пријави, што значи дека постојат индиции за потенцијално сторено кривично дело.

„Дали и зошто НБМ уште претходно не видела криминал или ако видела, зошто за тоа не ја информирала јавноста. Мене како претседател на Комисијата за финансирање и буџет не ми е целта да вперувам прст кон одредени поединци или субјекти за одговорност, но целта ни е да се обидеме да увидиме каде се грешките, па ако треба да предложиме одредени законски измени, или, пак, да предложиме политичка одговорност на функционери кои се именувани од Собранието“, вели Муцунски.

Исто така, според него, од банката останаа оштетени голем број физички и правни лица, па оваа надзорна расправа ќе биде и со цел ним да им се помогне да разберат што се случило со банката.

„Целта на оваа надзорна расправа не ни е таа да биде лов на вештерки, туку дополнително да придонесеме во обезбедување на стабилноста на банкарскиот систем на земјава“, објаснува Муцунски.

Или конкретно, на расправата би биле викнати гувернерката на НБМ, Анита Бежоска-Ангеловска, сопственикот на Еуростандард Трифун Костовски, оштетенте штедачи, стечајниот управник, како и евентуално други личности поврзано со случајот. Дали гувернерката Бежоска ќе дојде на расправата, Муцунски е убеден дека тоа со сигурност ќе се случи.

„Не сакам да верувам дека во случај на отворање на стечај на банка, гувернерката не би дошла на таа јавна расправа. Јас верувам во нејзината професионалност“, вели за Фактор претседателот на Комисијата за финансирање и буџет.

Дали ќе оди на надзорната расправа, засега нема конкретен одговор од гувернерката на централната банка.

Инаку, бизнисменот Костовски во повеќе наврати ја обвинува НБМ дека таа е џелат на Еуростандард банка, а прстот го вперува кон нив и дека не презеле вонредни мерки и администрација, што можело да се направи пред да се одземе дозволата.

На ова од НБМ одговараат дека ги отфрлаат како целосно неточни обвинувањата и инсинуациите на еден од сопствениците на банката.

„Народната банка е независна институција и во своето постапување се води исклучиво од законите, кои подеднакво важат за сите. Kако регулатор и супервизор на банкарскиот систем не смее и нема да дозволи банка да работи спротивно на закон со тоа доведувајќи ја во прашање и стабилноста на целиот банкарски и финансиски систем. Секоја слаба алка во системот мора да се санира или доколку тоа не е можно мора да се отстрани од системот за да нема негативни ефекти врз останатиот дел од финансискиот систем. Со оглед на тоа што сопствениците на Еуростандард банка не ја исполнија својата законска обврска за докaпитализација на Банката, единственото што Народната банка остануваше да го направи за да се заштити билансот на банката од натамошно влошување беше да ја исполни својата законска обврска и да ја укине дозволата за основање и работење, и на тој начин да ги стави средствата и имотот на располагање на доверителите. На преземањето на ваквата мерка претходеше интензивната комуникацијата со сопствениците, во која Народната банка постојано укажуваше на сериозноста на состојбата во којашто се наоѓаше Банката и  инсистираше на итна докапитализација, потенцирајќи ги јасно последиците од неисполнувањето на нивната законска обврска за санација на Банката со дополнителна уплата на капитал. Уште еднаш нагласуваме дека согласно со своите законски надлежности, Народната банка ги има преземено сите соодветни мерки, вклучително и законската обврска за поднесување кривична пријава за предизвикување стечај и штета на доверителите, со предлог за преземање и други мерки за натамошна заштита на интересите на доверителите“, е одговорот што го добивме од централната банка.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат