19 Декември, 2025
0.0806

Time Warner бара купувач за списанијата

Објавено во: Свет 15 Февруари, 2013 11:16

Добивај вести на Viber

Познатите американски списанија, како Entertainment Weekly или People, може наскоро да добијат нов сопственик . Според информациите од американските медиуми, менаџментот на Time Warner преговара со Meredith Corp. за продажба на поголем дел од компанијата за списанија Time Inc. Како што пишува New York Times, медиумскиот концерн може да земе помеѓу 2,4 милијарди и 2,9 милијарди долари за овие специјализирани изданија, ако ги зачува Time, Sports Illustrated и Fortune. По трансакцијата компанијата сака да ги задржи за себе само трите списанија - Time, Sports Illustrated и Fortune, бидејќи Meredith Corr. нема интерес за овие весници кои се повеќе насочени кон новинска содржина, пренесува New York Times, туку се интересира за наслови како Real Simple и InStyle кои се насочени кон женската публика. Meredith Corp. е со седиште во Ајова медиумска компанија која ги издава познатите списанија за мебел и ентериер Better Homes and Gardens, како и семејното списание American Baby. Со евентуалната зделка Time Warner ќе го следи примерот на медиумскиот "императорот" Руперт Мардок, кој го оддели издавачкиот бизнис, на чело со предводник Wall Street Journal, од најпрофитабилните електронски медиуми. Ваквиот чекот би му овозможил на Time Warner да намали дел од загубата , со што ќе ја изолира целата омпанија од падот на продажбата на реклами, што е типичен за целата медиумска индустрија Издавачкиот дел на Time Inc. Кој моментов е најголемиот издавач на списанија во САД, се бори со новата интернет средина, каде што рекламите имаат многу пониски цени во споредба со традиционалните рекламни кампањи во списанијата. „Наоѓање на нов сопственик за издавачкиот бизнис ќе ја зголеми вредността и ќе го подобри растот на Time Warner", изјави Џон Џанедис, аналитичар во UBS AG во Њујорк. Тој проценува дека Time Inc. може да добие меѓу 2,4 милијарди до 2,9 милијарди долари, од продажбата и покрај списанијата кои ќе бидат задржани во рамките на Time Warner. Meredith има пазарна вредност од 1,67 милијарди долари и околу 25 милиони долари во кеш, што укажува дека нема да купи списанијата сама. Наместо тоа, Time Warner и Meredith дискутираат можноста за заедничко вложување, што ќе создаде нова компанија за списанија, фокусирани главно на публикации на жените, пишува New York Times. Зделката би дошла по години на остар пад на продажбата на Time Inc, која во изминатите десет години доживеа пад на приходите за речиси 40%. Приходите на Time Inc. минатата година паднаа за  7% на 3,4 милијарди долари (2,5 милијарди евра). Оперативната добивка падна со цели 25% на 420 милиони долари. За последната фискална година пад бележат и приходите на Meredith - за околу 2% до 1,38 милијарди долари. Чистата добивкае намалена за 104,4 милиони долари. При затворањето на берзата вчера акциите на Time Warner се пораснаа за 1,5% на 53,63 долари, додека акциите на Meredith паднаа за 7,6% до 40,85 долари.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела