“TIME“ : Згради што не личат на – згради!
Објавено во: Стил 10 Ноември, 2012 17:34
“Индира Ганди Планетариум “се наоѓа во градот Лакнау, Индија. Отворен во 2003 година а зграда ја прикажува планетата Сатурн. Дијаметарот изнесува 21 метар. Обиколена е со серија на прстени во различнинијанси на кафена, портокалова и жолта боја. Но нејасно е зошто оваа необична градба го добила името по поранешната лидерка на Индија – Индира Ганди. Сепак, критичарите забележуваат дека планетата Сатурнима седум прстени а зградата има само пет.
ЗГРАДА 2
“ Зграда за национален развој на рибарство “ – во оваа морска монструозност е сместена организацијата која го промовира риболовот во Индија . Отворена е во февруари 2012 година . Во текот на ноќта,синкаво-виолетови рефлектори вперени во зградата даваат впечаток дека “ајкулата“ плива.
ЗГРАДА 3
“Алдар – недвижности и инвестиции“ – оваа зграда и припаѓа на компанијата за развој на недвижен имот и инвестиции во Абу Даби. Според својот футуристички изглед наликува на џиновски паричка. Внатре има 12 лифтови со голема брзина што им помагаат на вработените да се движат до 23 тиот кат. Освен канцеларии, во зградата има две кафулиња, соби за молитва и машки и женски спортски сали.
ЗГРАДА 4
“ Зграда – кошница “ – зграда се наоѓа во Охајо а е изградена од челична конструкција. Во објектот е сместена компанијата на основачот Дејв Лонгабергер, кој своите корпоративни канцеларии ги сместил токму во оваа “кошница“
ЗГРАДА 5
“Фанг Јуан зграда “ – ова здание во Кина го израдил тајванскиот архитект Ц.У Ли кој е креатор и на “Тајпеј 101“ , една од највисоките згради во светот. Зградата е на 25 ката а изгледот е инспиран од античкитекинески монети, кои биле кружни со квадратни фигури во средината.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





