26 Април, 2024
0.0701

Тимоние се појави во јавност: Макрон ќе ја објасни методологијата во Скопје и Тирана

Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Кристијан Тимоние, францускиот амбасадор во Скопје, за прв пат се појави во јавност откако Македонија и Албанија наидоа на ветото на францускиот претседател Емануел Макрон во Брисел за почеток на преговорите со ЕУ. Дипломатот најави дека Макрон ќе допатува во Скопје и Тирана за да ја објасни методологијата на проширување како концепт, кој засега останува поим кој не е доволно јразјаснет за Европа и за земјите од Западен Балкан. Во моментов воопшто не сме среќни како работите напредуваат и не сакаме да ги казниме нашите пријателски земји, но ќе бидеме приморани да водиме преговори за правните држави и спроведувањето на правото во истите, најави Тимоние.

„Макрон ќе ги презентира своите идеи во Скопје и Тирана. Да не се кријат работите под тепих, бидејќи се толку силни што излегуваат на површина. Да работиме на методологијата која ќе оивозможи регионот да си го најде своето место. Неговиот избор е за силна и способна Европа. Секоја земја треба да има јасни регионални етапи. Може да има подолги етапи. Постои одредено безредие за кое ќе се најде соодветна методологија. Мислам дека ништо не е затворено и не беше ништо затворено, загребскиот хоризонт ќе се случи за брзо време. Франција веќе работи на тоа. Макрон ги призна реформите на кои се работи во Македонија. Идејата е да се обработи таа методологија на проширувањето. Има работа која е во тек, која е отпочната од пред неколку месеци. Не сакам да ги откривам сите тајни,. Ние не бевме изолирани. Имавме поддршка за методологијата на проширувањето. Постојат подготвителни работи во таа насока. Многу бргу ќе има детали за тоа. Ќе треба на нашите партнери да им предложиме нешто за вистински преговори.“, рече Тимоние.

За француското вето вели дека работите како што беа презентирани во медиумите се погрешно пренесени и дека настаните во Брисел не се одвивале онака какош што било известувано.

„Имаше сложена дискусија и тоа беше кажано во рамки на состанокот на министрите за надворешни работи. Нашата министерка за надворешни работи направи цел извештај. Дискусијата беше интензивна. Постоеја различни дискусии и за Македонија и за Албанија. Имаше еден француско-германски минималистички предлог кој не беше прифатен од поголем дел од другите партнери. Жалам што не успеа нашиоит предлог, за кој треба да се навратиме на претстојниот Самит во Загреб“, наведе амбасадорот.

Тимоние рече дека во мандатот на Макрон влегува и прашањето за европското функционирање и дека во самата Европа во меѓувреме ќе се зборува за функционирањето на Унијата. Наведе дека пакетите на земјите кои претендираат да се интегрираат во ЕУ, освен посебно, треба да се гледаат и како пакет.

„Од една страна треба да се вреднуваат реформите на секоја одделна држава, но не можеме да го избегнеме целокупниот регион. Претседателот сакаше да покаже дека ние не можеме да ги гледаме случаите изолирано. Постои поврзаност помеѓу овие кандидати., Процесот на проширување и отворањето на поглавјата не се доволни сами по себе кои се стари и сложени“, рече Тимоние.

За прашањата за судството тој рече дека биле поставени на маса и одблиску разгледани од француските функционери со министерот за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“