18 Декември, 2025
0.0371

Тирана подготвена за преговори со чешката компанија ЧЕЗ

Објавено во: Балкан 22 Октомври, 2013 10:58

Добивај вести на Viber

Преговори со чешката компанија ЧЕЗ ќе започне албанската Влада, со цел да се избегне спор пред Меѓународниот арбитражен суд.

Албанската енергетска компанија КЕШ, во која 73 отсто од акциите се во сопственост на ЧЕЗ, остана без лиценца во јануари оваа година поради одлуката на Владата на поранешниот премиер Сали Бериша, кој ја обвини чешката компанија дека работи на штета на потрошувачите. По одземањето на лиценцата ЧЕЗ побара помош од Меѓународниот арбитражен суд.

Новата албанска Влада одлучи да формира работна група за решавање на проблемот преку директни преговори и во соработка со ЧЕЗ, со цел да постигне вонсудски компромис.

Кабинетот на премиерот Еди Рама ја оцени како „голема грешка“ одлуката за одземање на лиценцата на чешката компанија, нагласувајќи дека доколку прашањето не се реши преку дијалог, тогаш Владата може да го загуби судскиот процес и тоа да има тешки последици за албанската економија.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата