05 Декември, 2025
0.0284

Титовиот Нептун -интернет спроводник во Хрватска

Објавено во: Балкан 12 Јануари, 2013 19:18

Добивај вести на Viber

Хрватската влада за бизнис цели ќе го искористи тајниот проект на Тито наречен Нептун, изграден за управување на ракетниот систем на ЈНА,  пишува Јутарњи. Заборавениот воен проект Владата на Хрватска чија мрежа се протега под море и на копно и ги поврзува воените објекти на поранешна ЈНА на Бриони, Хвар, Сплит, Шибеник, Задар и повеќе други места до Превлака,  ќе го употреби во склоп на планот за обединување на мрежата во јавните претпријатија. Со што ќе овозможи широка примена на широкопојасниот интернет во државата. Инфраструктурата на оптичката мрежа така повеќе нема да биде само во сопственост на телекомуникациските компании, туку и на државата. Околу 3.000 километри постоечка мрежа во сопственост на Јадранскиот нафтовод ќе бидат искористени како и Хрватски автопати, Железницата, Плинкроа, изградена покрај автопати, нафтоводот, гасоводите и железничките пруги. Така би се покрил копнениот дел на Хрватска. За поврзување на брегот и островскиот дел од земјата ќе се искористат каблите од Титовиот проект, во кој ЈНА инвестирала од 1974 до 1990. Како што пишува Јутарњни лист, се работи за тајниот проект Нептун наменет за управување со ракетните системи и централизација на комуникациите. Цевките се поставено од Бриони преку Превлака, па се до Бока Которска и во нив има бакарна жица. Сепак според шефот Е- Хрватска, Дарко Париќ од цевките ќе треба да се извади бакарот и да се замени со оптички кабел, што денес не е тешко изводливо.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии