ТОА СЕ ВАШИ ПАРИ, ЌЕ ВРАЌАТЕ ЗОШТО НЕКОЈ ТРОШЕЛ: Мицкоски вели дека дал фер понуда за враќање на солидарниот данок
Објавено во: Економија 21 Август, 2025 13:54
Дел од фирмите ја прифатиле понудата на владата, солидарниот данок да им биде вратен на две рати, во 2026 и 2027 година, но дел негодувале, кажа премиерот Христијан Мицкоски.
Според него, виновно е законодавството кое не повикало никого на одговорност, а парите ќе ги враќаат граѓаните, од државниот буџет.
„Изминатиов период се преговараше и се остварија состаноци со голем дел од компаниите. Така била среќата јас би рекол. И покрај тоа што тогаш од опозиција, но и голем дел од јавноста апелираше да не се однесува антиуставно и споритвно на закони, тие не слушаа. Мене ми е жал што ни е такво законодавството и оваа гарнитура во судскиот совет и обвинителството, која што не повикува никого на одговорност. Тоа се сепак народни пари, ваши пари, вие ќе треба да ги враќате некој што ги трошел“, рече Мицкоски.
Тој посочи дека понудата која е дадена на компаниите е фер, а според проекцијата направена за да не се загрози ликвидноста на буџетот.
„Направивме една проекција, ликвидноста на буџетот како би можела да не биде загрозена и мислам дека ова е фер понуда која што е дадена. Има компании кои прифаќаат и поинакви услови, има компании кои негодуваат, различни се импресиите и впечатоците, но генерално, можам да кажам дека состојбата е таква да тоа што го направи минатата влада на СДСМ и ДУИ на незаконски начин и неуставно, ќе треба оваа влада до врати. И пак ќе кажам, жалам што тие што тоа го направија не одговараат пред законот, бидејќи тие трошеа душмански ваши, народни пари“, додаде Мицкоски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





