29 Септември, 2024
0.0255

Тодор Пендаров: Русија и Америка ќе најдат компромис – штетата ќе ја трпат трети земји

Објавено во: Анализа 12 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Кој е добитник, а кој губитник во новите порализирани односи меѓу Москва и Западот? Како треба да се постави Македонија? За предизвиците на меѓународен план од новата „Студена војна“, Фактор во серијата разговори со експерти на тема „Досие: Македонија помеѓу Русија и Америка“ разговараше со новинарот и колумнист Тодор Пендаров. Во врска со заострувањето на односите на релација Русија - Америка, многу тешко може да се каже дека виновен е еден или друг. Која било дефиниција да се каже во овој момент стои, кога станува збор за тоа кој е во право. Само една мала илустрација, деновиве може да се прочита во медиумите дека рускиот претседател Владимир Путин сака да биде „Катерина Велика“ и да ја обнови Царска Русија, оваа теза донекаде е во ред, исто како што стои и забелешката дека американскиот претседател Барак Обама инсистира на дефиницијата дека Америка е единствена демократска држава. Тешко може да се дефинира које е виновен за ситуацијата. Неоспорно дека и двете страни се вмешани во целокупната ситуација во Украина, но најинтересно е што санкициите и штетите од целата настаната ситуација ќе ги плаќа трет. На пример, најголем губитник од состојбата е Полска, бидејќи е еден од најголемите  извозници на прехрамбени производи во Русија. За жал, немам точни податоци што е со Словенија, но една Словенја лани имаше трговска размена од 1,4 милијарди долари, со тоа што Словенија има суфицит во размената од скоро 800 милиони долари. Македонија на крстопат... Македонија во сето ова ја нема никаде. Не е проблемот во тоа што немаме договор за слободна трговија, туку дали имаме што да и продадеме на Русија. Исто така, не е точна дефиницијата дека рускиот купувач нема префинет вкус. Напротив, и рускиот купувач бара квалитетна роба, но проблемот е што ние  немаме стратегија. Русија е огромна држава, со една стратегија може да се види на пример еден руски град кој би можел да го апсорбира целото производство со јаболка. Во надворешната политика на Македонија вклучувајќи ги економските односи никогаш не сме знаеле да ги заштитме своите интереси. Каде е Македонија во сето ова е толку минорно прашање, без никаков ефект. Како и да е, расплетот од руско - американската криза, мислам дека ќе заврши со компромис. Доаѓа зима, мој став е дека русите ќе знаат да ја искористат зимата во своја полза, тоа го правеле секогаш ако се вратиме нанзад низ годините. И.М.