06 Декември, 2025
0.0450

Тодоров: 30 милиони денари за доедукација на сестрите и докторите

Објавено во: Економија 30 Јануари, 2013 17:01

Добивај вести на Viber

Со 30 милиони денари државни пари од Министерството за здравство, ќе се едуцираа 500 доктори, специјалисти, специјализанти, општи лекари и сестри. Како што појасни министерот, Никола Тодоров за здравствените работници обуката е бесплатна, а средствата се наменети за трошоци за престој и за патните трошоци.

Слична програма е предвидена и за следната година, а целта според Тодоров е целосна промена на пристапот, на нивото на знаења и вештини кај докторите пред се за методи кои не се изведувани кај нас.

„Ова е исклучително битно за нас затоа што докторите досега беа препуштени сами да се снаоѓаат за нивна доеадукација. Затоа што волја кај докторите за доедукација за нови методи секогаш постоела, но биле приморани да тропаат по врати на веледрогерии, на фирми, да бараат спонзорства и донации за да може да се едуцираат, а потоа тоа знаење и вештина што ќе го стекнат да го користат за подобрување на здравјето за целата нација. Ако е тоа така тогаш државата има обврска да инвестира во подигнување на нивните вештини, од една страна за добро на пациентите, од друга за добро на докторите“, изјави Тодоров.

Тој информираше дека првите кандидати за обука од оваа година се веќе заминати во странство, а досега низ Програмата за доедукација поминале 89 доктори и сестри.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?