Тодоров: Ќе се гради ПЕТ Центар во Скопје вреден 250 милиони денари
Објавено во: Економија 04 Јануари, 2013 14:28
Министерството за здравство во вторник ќе објави тендер за претквалификација за доделување Договор за јавна набавка за изградба на објект за Позитронска емисиона томографија - ПЕТ Центар во Скопје, соопшти денеска министерот за здравство Никола Тодоров.
Тој информираше дека Владата на вчерашната седница донела одлука за повеќегодишна јавна набавка за изградба на овој Центар.„ПЕТ Центарот се планира да биде изграден во кругот на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Во меѓувреме се работи на подготовка на техничката и проектната документација која се изработува со поддршка од Меѓународната агенција за атомска енергија од Виена. Се очекува проектната документација да биде готова до крајот на првиот квартал од годинава, а отпочнувањето со градба во текот на мај и јуни“, изјави Тодоров.
Според Тодоров изградбата на ПЕТ Центарот ќе чини 250 милиони денари.
„ПЕТ Центарот ќе обедини во себе повеќе функции: Оддел за производство на краткоживечки радиоактивни изотопи со позитронски емитери, со инсталација на циклотрон, Оддел за синтеза, производство и контрола на квалитет на ПЕТ-радиофармацевтици, Оддел за развој и истражување за обележување и контрола на квалитет на радиофармацевтици за терапија со бета игама емитери, клинички оддел за ПЕТ дијагностика“, појасни Тодоров.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





