05 Декември, 2025
0.0296

Министерот Тодоров во акција, ќе развива бањски туризам во Кочанско

Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2013 19:16

Добивај вести на Viber

Министерството на тендер го продава земјиштето и објектот во кочанското сел0 Бања, отворањето на понудите ќе се одржи на 22 јули, а купувачот ќе се бира по пат на јавно наддавање со почетна цена од 17,5 милиони денари. Целта на продажбата е да се реактивира бањата во село Бања, но и де се привлечат нови инвеститори за отворање нови капацитети во овој реон. Како што изјави министерот за здравство Никола Тодоров, кој денеска ја посети бањата, локацијата и објектот имаат извонредни можности за развивање на здравствениот туризам. „Станува збор за извор кој овозможува отворање на бања каде порано се лекувале дури до 1.200 пациенти годишно. Познато е дека на ова место постоела бања уште од вториот, третиот век од нашата ера, а подоцна во 15 и 16 век повторно е возобновена за во 1985 година целосно да згасне. По барање на градоначалникот и на општината отворивме постапка за продажба на овој локалитет со цел изнаоѓање на приватен партнер кој ќе изгради современ бањски комплекс со спа центар и ќе ги користи благодетите на овој природен извор на минерални води“, изјави Тодоров. Градоначалникот на општина Чешиново-Облешево, Костадин Личков во чиј атар се наоѓа селото ги повика сите заинтересирани да се јават на тендерот. „Ова е од голем интерес за општината и за развивање на туризмот во нашето населено место поточно и во општината Чешиново-Облешево и во поширокиот дел на источниот регион со тоа што ќе се отворат нови работни места, ќе има поголема посетеност и подобро запознавање на источниот дел на Македонија,“ додаде Личков. Бањата е сместена на јужните падини од Осоговските планини на осум километри западно од градот Кочани. Објект е со површина од околу 680 м2, се состои од стар дел и нов дел и тоа приземје и спрат, и двата објекта се целосно руинирани, единствено е во добра состојба конструктивниот скелетен систем на новиот објект, а постојниот објект (бањата) кој е со површина од 800 м2 се наоѓа на 25-30 метри оддалеченост од дупнатината во центарот на с.Бања. Искористливоста на водата изнесува 99 отсто. Бањата почна со работа во 1980 година како одделение за физикална медицина во рамки на Медицинскиот центар – Кочани и функционираше одлично со годишен број од 1.200 пациенти и 500 гости се до крајот на 1985 година. Во моментов објектот е во голема мера руиниран и е надвор од употреба.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите