ТОЈ Е РИВАЛ НА ЕРДОГАН: Oбвинителството бара 2.000 години затвор за него
Објавено во: Свет 11 Ноември, 2025 17:58
Обвинителот на Истанбул го обвини политичарот Екрем Имамоглу за 142 корупциски прекршоци, што носат затворска казна од 828 до 2.352 години. Имамоглу, кој важи за главен политички ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, е во притвор од март поради сомнение за корупција.
Градоначалникот на Истанбул и неговата Републиканска народна партија (ЦХП) негираат какво било кривично дело и ги обвинуваат Ердоган и неговите сојузници за репресија како одговор на падот на популарноста на претседателот.
Главниот градски обвинител Акин Гурлек не го таргетира само Имамоглу, туку уште 401 лице, кои се обвинуваат за учество во криминална корупциска мрежа, чиј основач и водач е Имамоглу. По осуммесечна истрага, Гурлек изјави дека осомничените, од кои 105 се во притвор, формирале огромна криминална организација која се занимавала со давање и примање мито и со перење пари. Поради тоа, загубите за турската држава изнесувале 3,8 милијарди долари, рече тој.
Имамоглу, кој е кандидат на секуларната ЦХП за претседателските избори во 2028, се товари со 12 обвиненија за мито, седум обвиненија за перење пари од криминални приходи и со седум обвиненија за измама против јавни институции и организации. Новинската агенција „Анадолу“ процени дека обвиненијата би значеле затворска казна од 2.430 години.
Освен за корупција, обвинителите го обвинија Имамоглу и за други кривични дела, како шпионажа и фалсификување на универзитетска диплома, која во меѓувреме му беше поништена, поради што и не би можел да се кандидира за претседател.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: САД сакаат дел од Донбас да биде претворен во слободна економска зона
Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување
„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи
(ВИДЕО) Пожар изби на пазарот во Санкт Петербург: Има повредени
Жена доби отказ затоа што порано доаѓала на работа?
Сценариото за мир предвидува Украина да влезе во ЕУ во 2027 година?
КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса
(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна




