ТОЈ ГО ПОСТАВИ, ТОЈ ЌЕ ГО ТРГНЕ: Меџити ќе го сруши пешачкиот мост на Бит пазар
Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2025 08:22
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВРЕДИ, Изет Меџити, во емисијата „Хајде куму“ на ТВ21 ексклузивно го откри својот план за решавање на едно од најдискутираните и најпроблематичните прашања во областа на Бит Пазар, пешачкиот надвозник.
„Сè уште не сум го промовирал јавно, но го кажувам ексклузивно тука“, изјави Меџити, нагласувајќи дека бил во постојана комуникација со Здружението на тезгаџии на Бит Пазар. Тој рече дека претходниот проект со мостот не ги дал очекуваните резултати, бидејќи граѓаните не го користеле.
„Човечката психологија е таква што не сака ниту надвозник ниту подвозник. Дури и еснафите од Чаршија велат дека продавниците со неколку скалила не вредат за оние што се на рамно ниво“, рече Меџити.
Тој додаде дека предложил и идеја со лифтови и скали, но според трговците, тоа би била расипничка инвестиција, бидејќи ниту тие нема да го користат.
Според Меџити, конечното решение е да се отстрани постоечкиот надвозник и да се изгради официјален пешачки премин со семафори.
„За среќа, општината Чаир не обезбедила ниту еден денар за изградба на тој мост. Тој е изграден во замена за рекламен простор со компанијата „Акцент Медиа“ и општината нема финансиска обврска. Затоа, најдоброто решение е да се сруши мостот и да се изгради официјален премин со семафори“, нагласи тој.
Инаку, пешачкиот мост беше поставен токму кога Меџити беше градоначалник на Чаир. Неговата неискористеност е евидентна по тоа што под него има нелегален пешачки премин, кој пешаците упорно го користат, иако никаде нема ознака дека тоа е пешачки премин.
Што се однесува до самиот мост, тој служи како јавен тоалет. Непријатна миризба постојано се шири од него.
Фото:МИАМожеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Најавувам и целосна ревизија на работата на градската администрација
Рокас: Нема напредок во однос на судските реформи и борбата против корупцијата
Акција на ОЈО ГОКК и полицијата: Се вршат претреси на повеќе локации
АРСОВСКА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА СО ЃОРЃИЕВСКИ: Mу посакувам, пред сѐ многу здравје, а потоа чесно и посветено да го води градот
Јаневска нема да му се налути на Мицкоски ако ја смени од министерската позиција





