29 Септември, 2024
0.0360

Топ 5 мултинационални компании кои законски заработуваат од државата

Објавено во: Анализа 21 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Мултинационални американски корпорации го избегнуваат плаќањето на цели 90 милијарди долари федерален данок на доход годишно, покажува истражувањето на организациите "Граѓани за даночна праведност" (Citizens for Tax Justice - CTJ) и Public Interest Research Group. Некои компании се толку успешни во избегнувањето на даноците, што кога ќе се повлече линија тие заработуваат пари од државата. 26 од 288-те испитани компании плаќале негативни стапки во периодот меѓу 2008 и 2012 година, пишува MarketWatch. На прв преглед ова можеби изгледа лошо, но обично компаниите имаат корист од дупките во законодавството на сосема легален начин. Многу луѓе дури сметаат дека заштедените пари би можеле да помогнат во обновата на економијата, бидејќи корпорациите ги користат овие средства за проширување на активностите и нови вработувања. Некои сепак гледаат во избегнувањето на даноците повреда на просечниот Американец, бидејќи заштедените пари од компаниите би можеле да бидат потрошени за инфраструктура, образование или здравство. „Пониските даноци за големите корпорации значат повисоки за средната класа и малите бизниси, бидејќи сè што тие нема да платат, треба да биде вратено од останатите", сметаат експертите. За подобро или полошо сепак нема изгледи овој тренд да заврши. Ви нудиме листа со 5 од компаниите кои плаќале негативна даночна стапка, односно се во гореспоменатиот петгодишен период на кои владата повеќе им враќала данок. 1 Pepco Holding Компанијата која снабдува со енергија околу 2 милиони луѓе во Делавер, Вашингтон, Мериленд и Њу Џерси, оствари профит од над 1,7 милијарди долари меѓу 2008 и 2012 година. Даночната стапка врз неа сепак била -33%, што и донесе на компанијата уште 575 милиони долари од вратени даноци. Причината за нискиот данок е во тоа што компаниите за комунални услуги обично се потпираат на забрзана за амортизација, за да ги намалат даноците. Pepco изјави дека си ги плаќа сите даноци кои ги должат согласно законите и дека "даночните олеснувања создаваат нови можности за инвестиции и отворање на работни места, а заштедените пари се префрлени на потрошувачите во форма на пониски цени". 2 NiSource Енергетската компанија NiSource плаќа ефективна даночна стапка од -13,6% и за петгодишниот период доби над 336 милиони долари од даночни бенефиции. Во исто време таа оствари профит од 2,5 милијарди долари. Компанијата користи одбивање на локалната продукција, за да го намали данокот кој го должи. Компанијата наведува дека од 2008 година има инвестирано над 7,5 милијарди долари во капитални расходи за инфраструктурни проекти, со кои се помогнала обновата на локалните трошоци и создавање на работни места, оваа година е на пат да инвестира уште 2,2 милијарди долари во слични проекти. 3 PG&E Group Со седиште во Сан Франциско компанијата за комунални услуги Pacific Gas and Electric Company, која опслужува околу 15 милиони луѓе во Калифорнија, забележа над 7 милијарди долари профит во последните 5 години. Во прилог таа доби над 1,17 милијарди данок надомест, откако мораше да плаќа -16,7% данок на доход. Тоа е доста под просекот за индустријата, просечната ефективна даночна стапка за електрични и гасни компании е 2,9%. Исто како Pepco, PG & E успавa да ги намали даноците преку забрзана амортизација на средствата, покажува студијата. "Компанијата направи токму она што сакаше Конгресот - потрошија милијарди долари во инвестиции во инфраструктурата на Калифорнија за отварањето на нови работни места, а нашите корисници, исто извлекоа корист од заштедените од даноци средства", изјави портпаролот на компанијата. 4 Boeing Производителот на воздухоплови, вселенска и воена техника доби 202 милиони долари вратени даноци од владата во последните пет години. Компанијата реализира 20 милијарди долари профит, врз кој должеше данок од -1% - доста понизок од просекот во индустријата со стапка од 16,7%. 5 Verizon Communications Телекомуникациската компанија e на прво место од сите 26 по големина на профитот - над 30 милијарди меѓу 2008 и 2012 година, во кој период данокот на доход и беше -1,8%, во споредба со просекот на интернет индустријата 22,4 и 9,8% за телефонските оператори. Негативниот данок и донесе на компанијата дополнителни 535 милиони долари. К.К.