ФАКТОР понуда:
Топ 5 станови под кирија за студенти и млади парови
Објавено во: Економија 08 Февруари, 2018 08:00
ФАКТОР направи мало истражување на понудата на станови за издавање во метрополата. Она што лесно може да се забележи е дека најголемиот дел од понудата е наменет за помлада популација, односно студенти или млад брачен пар. Во понудата најактуелни се реновирани станови во урбани населби близу до централното градско подрачје. Според приходите на просечниот македонски граѓанин изборот го сведовме на ценовна рамка помеѓу 250 и 400 евра. Од друга страна пак, квадратурата и условите варираат, како и самата намена на просторот. Што се однесува до времетраењето на закупот, поголемиот дел од огласувачите очекуваат договор на барем 6 месеци или повеќе.
Комплетно наместен, неодамна реновиран стан со површина од 64м2 плус тераса. Терасата има дополнителна површина од 4м2 и е насочена кон југо-исток. Станот е комплетно наместен со речиси потполно нов мебел и опремен со основните технолошки уреди. Располага со дневна, 2 спални соби, купатило, тарпезарија и кујна. Од приложените фотографии кои огласувачот ги понудил може да се забележи дека се работи за естетски одлично опремен стан погоден за три или четиричлено семејство. Цената за месечен закуп не е потенцирана, меѓутоа по слободна проценка истата би била северно од 350 евра, плус режиски трошоци.

2. Стан од 55м2 во Центар, Буњаковец
Трособен стан, потполно наместен и опремен во самиот центар на Скопје. Лоциран позади основното училиште „Ј.Х.Песталоци“, на само половина километар од строгиот центар на градот. Станот располага со 2 одделени спални соби од кои едната е опремена со т.н. француски лежај. Капацитетот е максимум 4 лица, односно идеален за семејство или студенти. Огласот е објавен пред само неколку денови и очекувано е станот да е веднаш вселив. Цената за месечен закуп изнесува 300 евра без пресметани режиски трошоци.

3. Стан од 65м2 во Кисела Вода
Стан во зграда на прв спрат, лоциран во населбата Кисела Вода, во близина на основното училиште „Н.Г.Дуња“. На квадратурата од 65м2 распоредени се 4 соби, односно 1 спална, дневна соба, тарпезарија и кујна, како и две тераси. Станот е опремен со квалитетен мебел и солидни технолошки карактеристики. Евентуален минус е оддалеченоста од центарот, но и понатаму се работи за одлична локација во мирен дел од градот. Цената на ова задоволство за месечен закуп изнесува 200 евра.
4. Луксузен стан од 42м2 во Центар
Луксузно опремен двособен стан, лоциран во Центар во реонот на Буњаковец. Станот се наоѓа во зграда на прв кат. Покрај дневна и спална соба, опремени со нов луксузен мебел, располага со одлично опремена бања. Огласувачот нуди ТВ, клима уред, машина за перење алишта, интернет и ред други технички погодности. Огласот е објавен кон средината на минатата година, но е се уште активен. Цената на месечниот закуп за овој стан изнесува 400 евра, без дополнителните трошоци.
5. 4 собен стан од 95м2 во Ново Лисиче
Поради оддалеченоста од центарот на градот цената за месечен закуп на оваа одлична недвижнина од дури 95м2 изнесува „само“ 300 евра. Лоциран на булеварот „АСНОМ“ во Ново Лисиче, на 9ти кат во зграда градена 1986-та година. Станот е реновиран во 2008-ма и е сосема солидно опремен. Од 4-те соби од кои 3 се спални, додека преостанатата е дневна со кујна. Станот е ориентиран во правец север-југ и располага со тераса од 7м2. Во понудата влегуваат две бањи, односно бања и гостински тоалет. Прилично добро опремен, речиси потполно, вселив веднаш. Предност ќе имаат закупувачи кои имаат во план подолг закуп. Истиот нужно би бил заведен кај нотар со извршна клаузула.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




