27 Јануари, 2025
0.1820

„Top Eleven“ во холот на славните на Фејсбук

Објавено во: Мои пари 30 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

„Фејсбук” на својот блог деновиве објави листа на најпопуларни видео игри кои се играат на оваа платформа. Видео играта „Top Eleven“-биди фудбалски менаџер” во категоријата „хол на славните“, е избрана меѓу најдобрите пет постари видео игри, лансирани пред 2014 година, а кои се играат на оваа социјалната мрежа.Со тоа и се оддаде признание на српската компанија Нордеус која е и креатор на видео играта „Top Eleven Be a Football Manager” (единаесетте најдобри – биди фудбалски менаџер). Знаеме дека играта е квалитетна, и свесни сме за нејзината популарност, но бидејќи немавме никакви индикации кого фејсбук ќе го одбере, можам да кажам дека сепак сме пријатно изненадени, изјави Милан Џукиќ, одговорен за односи со јавност во Нордеус. te (1) Играта е лансирана во 2010 година. Се работи за мошне интересна игра во која играчот е во улога на фудбалски менаџер кој формира свој тим, на тој начин што купува и продава играчи. Играта брзо ги освои љубителите на спортот и компјутерските играчи. Џукич верува дека клучно за успехот на оваа игра е тоа што креаторите на играта понудија комплексна игра која ќе може да се игра на мобилните телефони, оти дотогаш беше достапна само на компјутер. ,,Top Еleven,, може да се игра на повеќе платформи: на мобилен, на таблет, на компјутер и „киндли” Интересно е и тоа дека играта може да започне да се игра на еден уред а да се продолжи на друг во што нашите програмери беа пионери вели Џукиќ. Пред две години ја играа два милиони, а денес над 5 милиони луѓе во светот ја играат дневно, или 12 милиони активни играчи на месечно ниво, што ја прави најпопуларна онлајн спортска игра за повеќе платформи. Компанијата Нордеус пред 5 години ја основаа тројца програмери, кои напуштаа сигурно работно место во Мајкрософт во Данска. Малата иновативна компанија со неколку луѓе и скромни почетни средства, т.н. старап, прерасна во озбилна компанија со 160 вработени. Само во Белград работат 100-тина меѓу кои и 20-тина странци. Останатите работат во канцелариите на Нордеус во Скопје, Даблин, Сан франциско и Лондон. Нордеус е еден од петте најголеми партнери на фејсбук. Не се размислува за продажба, туку само за работа на проекти во кои ќе уживаат сите.

Можеби ќе ве интересира

Спасеновски од „Макпетрол“ добро се претстави на Светската карате лига во Париз

Спасеновски од „Макпетрол“ добро се претстави на Светската карате лига во Париз

Опуштено и безболно породување со „гасот за смеење“азотен оксид во Клиника Жан Митрев

Опуштено и безболно породување со „гасот за смеење“азотен оксид во Клиника Жан Митрев

Целосна стипендија и Американска диплома за работа во Америка со Creative Hub

Целосна стипендија и Американска диплома за работа во Америка со Creative Hub

Анхоч и Комикс МК викендов го организираа најголемото гејмерско доживување во Македонија “LEVEL UP EXPERIENCE”

Анхоч и Комикс МК викендов го организираа најголемото гејмерско доживување во Македонија “LEVEL UP EXPERIENCE”

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: ЕРВИН РАИФИ ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ОД 1.527.849 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: ЕРВИН РАИФИ ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ОД 1.527.849 ДЕНАРИ

Искористување на моќта на вештачката интелигенција: Поглед зад сцената како Samsung ја претвора комплексноста во разбирање

Искористување на моќта на вештачката интелигенција: Поглед зад сцената како Samsung ја претвора комплексноста во разбирање

Самарџиоски во „Бизнис-клуб“: „За да има напредок, државата треба да се фокусира на образованието, како и на правниот и на здравствениот систем“

Самарџиоски во „Бизнис-клуб“: „За да има напредок, државата треба да се фокусира на образованието, како и на правниот и на здравствениот систем“

Како да направите лесна пресметка на соодносот долг/приход?

Како да направите лесна пресметка на соодносот долг/приход?

ПРВПАТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВРШЕНИ 2 КОХЛЕАРНИ ИМПЛАНТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ВРОДЕНА ГЛУВОСТ И ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХ

ПРВПАТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВРШЕНИ 2 КОХЛЕАРНИ ИМПЛАНТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ВРОДЕНА ГЛУВОСТ И ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХ