14 Мај, 2024
0.0275

ТОП ЛИСТА: ЕПЛ на врвот најскапи брендови во светот

Објавено во: Свет 30 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Apple останува најскапиот бренд во светот во 2018 година, проценет на 182,8 милијарди долари, станува јасно од графиката на сајтот HowMuch.net базирана на неодамнешната оценка на магазинот Forbes.

Четири други технолошки компании, сепак, се доближуваат до производителот на iPhone, а секој од нив ја зголемува вредноста на својот бренд со брзо темпо.

Google е на второто место со проценети 132,1 милијарди долари, што претставува зголемување за 30 отсто од претходната година. Третото место е за Microsoft со оценка од 104,9 милијарди долари, или раст од 21%, следен од Facebook со 94,8 милијарди долари, или раст од 29%, и Amazon со 70,9 милијарди долари, или раст од 31%.

Coca-Cola е најдобро претставен нетехнологиски бренд во топ 10, и го зазема шестото место со оценка од 57,3 милијарди долари. Листата на десетте е дополнета со Самсунг, Дизни, Тојота и АТ и Т.

Според Форбс, најскапите брендови во светот имаат вкупна вредност од 2,15 трилиони долари.


Брендови по индустрија

Брендови во топ пет се поврзани со технологијата, но ова е дел од еден поширок тренд. Во последните десет години технолошките брендови станаа популарни меѓу корисниците и ја претворија индустријата во доминантна како од гледна точка на квалитетот на брендови, така и како вкупна вредност на листата на стоте најскапи марки во светот на Forbes.

Постојат неколку брендови од индустрии како што се медиумите, облеката, алкохолот и рестораните кои наоѓаат место во листата.

Во исто време, секторите кои традиционално се потпираат на реклами како што се стоки за широка потрошувачка и малопродажба, имаат само 20 брендови во листата. Најдобро претставен бренд меѓу овие категории е Walmart, кој го зазема 26-то место со вредност од 24,9 милијарди долари, еднаков на околу една третина од вредноста на нејзиниот онлајн конкурент Amazon.

Можеби ќе ве интересира

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!