Товарен воз удрил во автомобил оставен на пруга кај Скопје
Објавено во: Македонија 01 Јули, 2018
Нема повредени лица, но е причинета материјална штета синоќа при удар на товарен воз во патничко возило оставено на пругата меѓу железничките станици Миладиновци и Илинден.
Во СВР Скопје ноќеска во 01:10 часот било пријавено дека помеѓу железничката станица Миладиновци и железничката станица Илинден товарен воз кој сообраќал на релација од Табановце кон Скопје Југ удрил во патничко моторно возило „Опел Корса“ со скопски регистерски таблици оставено на пругата од страна на непознато лице.
Патничкиот и товарниот соораќај на тој дел од пругата бил во прекин од 03:10 до 05:45 часот поради вршење увид на местото на настанот.