Добивај вести на Viber
Топла облека за децата од посебните основните училишта, Златан Сремец и Иднина е последната донација од ОКТА. Со ова, компанијата ја продолжува традицијата на предновогодишно дружење и дарување на децата згрижени во овие училишта.
„Веќе осум години со ред, ОКТА им приредува изненадувања со новогодишни подароци на децата од посебните училишта. Поттикнати од неизмерната радост со која нè дочекуваат, на ова гледаме како на пријателство што се развива од година во година. Како општествено одговорна компанија наша цел е помагање и развивање свесност за основните потреби на овие деца. Најчесто, потребата е материјална, но среќата кај нив не доаѓа само од добиениот подарок, туку многу повеќе од самиот чин дека некој ги посетил и им посветил внимание и љубов“, изјави Марија Ставрева, менаџер за корпоративна општествена одговорност и комуникации во ОКТА.
Покрај донацијата, оваа година ОКТА им приреди и специјално изненадување на дечињата, дружење со познатата поп ѕвезда, Рената Кралевска која им ги поделија подароците и ги забавуваше со новогодишни песни.
Во двете училишта се згрижени 275 деца со посебни потреби. Од таму, велат дека донираната топла облека е нешто што е неопходно за нивните штитеници, но поголема радост е начинот на кој што тоа го прави ОКТА.