15 Декември, 2025
0.0333

ТРАГЕДИЈА КАКВА ШТО НЕ СЕ ПАМЕТИ: Три млади девојки загинаа во сообраќајка, се враќале од забава

Објавено во: Балкан 06 Јули, 2020 13:10

Добивај вести на Viber

Татјана Гудиќ (15), Марија Фекете (17) и Божидарка Џукиќ (23) загинаа кога нивниот пријател Михајло Сабадош (23) изгубил контрола над возилото „Рено“, тоа слетало од патот и се превртело во каналот.

Ужасната сообраќајна несреќа се случила минатата ноќ околу 3.30 часот на патот меѓу Кула и Руски Крстур, кога возилото „Рено Меган“ во кое биле трите другарки слетало во дренажен канал.

Јован В. (18) и М. С. (14) исто така се здобиле со сериозни повреди, додека возачот на автомобилот Михајло Сабадоиќ (23) е полесно повреден. По несреќата, утврдено е дека тој возел пијан, а му биле измерени 1,5 промили алкохол во неговата крв.

„Шест млади се враќале од приватна забава и сите биле во еден автомобил. Сабадош бил зад воланот, а се претпоставува дека тој требало да ги однесе пријателите дома, бидејќи не сите се од истото место. Сепак, на патот меѓу Кула и Руски Крстур, тие слетаа од патот, се превртеа и завршија во канал. „Реното“ беше целосно смачкана“, вели извор на весникот и додава дека на местото на несреќата починале Божидарка Џукиќ и Татјана Гудиќ, додека нивната пријателка Марија Фекете била извлечена од автомобилот жива, но таа починала во болницата во Сомбор.

Две повредени тинејџерки се пренесени во Детската болница на КЦ Војводина, а лекарите се борат за нивните животи.

„Рбетот на младиот човек е повреден, а белите дробови му се прободени. Тој е на респиратор, додека Милица е во кома. И двајцата се во критична состојба“, објаснил изворот и додал дека еден од нив бил опериран. 

Истрагата на местото на несреќата траела со часови, а се претпоставува дека Михајло Сабадош возел пребрзо, како и дека неговото пијанство придонело за несреќата. 

Вишото обвинителство од Сомобор наредило на Сабадош да му биде одреден притвор до 48 часа, по што ќе биде сослушан. Тој е обвинет за сериозно дело против безбедноста во сообраќајот.

Бојан В., братот на повредениот Јован, изјавил дека неговиот брат се забавувал со друштвото на таа кобна вечер.

„Се надеваме дека тој ќе преживее. Тоа беа добри девојки, пријатели, многу ми е жал. Требаше да излезам со нив, но решив да останам дома затоа што идното утро имав работа“, кратко изјавил братот на повредениот млад човек.

Божидарка Џукиќ, која загина во несреќата, наводно била во врска со Михајло Сабадош, кој управувал автомобил. - Таа беше добра девојка, и остави зад себе тригодишна ќерка. Страшна, голема трагедија - изјавија мештаните на Руски Крстр.

фото: Курир.рс

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството