Трагедија во Илинден: Се удави 13 годишно девојче
Објавено во: Македонија 03 Јули, 2018
Поладнево во општина Илинден, во ископ исполнет со вода каде што се градел објект се удави девојче родено во 2005 година.
Случајот бил пријавен во 14.40 часот и иако екипа на противпожарната единица на Град Скопје се упатила кон градилиштето, телото на девојчето било извадено од жителите. Лекарската екипа констатирала смрт.
Жителите бараат одговорност од фирмата што го градела објектот зашто местото не било обезбедено, а според очевидци 13 годишното девојче скокнало во водата за да го извлече братчето и друго дете кои паднале во дупката