ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Багер усмрти работник во Гостивар
Објавено во: Македонија 10 Април, 2018 10:43
Четириесет и шестгодишен маж од село Лакавица го изгуби животот откако при поправка на работна машина-багер бил фатен во пределот на градите помеѓу двата подвижни дела.
Несреќата била пријавена во полиција вчера во 14:10 часот, а се случила во село Беловиште-гостиварско.
Како што соопшти МВР, лекар во Медицинскиот центар во Гостивар ја констатирал смртта на четириесет и шестгодишниот А.Р., а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар, како и трудов инспектор од Државниот инспекторат за труд.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




