Добивај вести на Viber
Трагедија вчера се случи во рудникот Бановиќи во БИХ, при што еден рудар загина.
Рударот Нермин Шехиќ загина при одронување на плафонот. Веста ги погоди сите кои чекаа информации, а телото на рударот е извлечено од јамата. Главниот федерален рударски инспектор, Ферид Османовиќ несреќата се случила околу 13.30 часот, на едно од градилиштата кои се подготвуваат.
Тој рече дека при несреќата имало повеќе рудари внатре, но повеќето успеале да се спасат.
Загинатиот рудар има сопруга и две малолетни деца.