Трајановски сепак се премисли – задоволен е од работата на Канцеларијата во Брисел?
Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2014 19:08
Иако вчера, одговарајќи на советничко прашање, и самиот изрази незадоволство од ефектите на работата на Канцеларијата на Град Скопје во Брисел, градоначалникот Коце Трајановски денеска изгледа се премисли, па до медиумите испрати детално објаснување за работата што ја извршува оваа канцеларија.
„Со отворање на Канцеларијата Градот Скопје ги почна поинтензивните вмрежувања со други градови од Европа и од регионот. Воспоставени се контакти за можно претставувања на Градот и аплицирање на европските програми отворени за земјите со кандидатски статус. Активно учество на годишната манифестација Отворени денови на регионите и градовите во Брисел, вмрежување со дел од канцелариите на градовите лоцирани во Брисел, интензивирање на контактите со регионот Брисел, и др. Градот Скопје досега има реализирано голем број проекти кои се финансирани од програми на Европската Унија и други фондови, а како најважни од изминатиов период можеме да ги издвоиме Реконструкцијата на Младинскиот културен центар, како и учеството во проектот РЕНЕСАНСА – проект за примена на одржливи мерки за транспорт. За реализацијата на овие два проекти Градот Скопје од европските фондови доби 1.232.560 евра. Во моментов Градот Скопје работи на проекти кои се финансирани од европските фондови и е вклучен во голем број европски проекти, како што се Проектот за размена на искуства и добри практики помеѓу градовите за енергетска ефикасност CASCADE, Проекот за изработка на техничка документација за изградба на колекторки систем за потребите на пречистителната станица во Скопје, Проектот од областа на еколошката енергија и справување со отпад Re-SEEties, Проектот за употреба на електрични возила EleCTra, како и учество во проектите INSec, CH4LLENGE, FUPOL, Streetlight-EPC, ACHELOUS, DECIDE и SINERGI. Вкупниот буџет за Град Скопје за овие проекти е околу 700.000 евра“, стои во образложението испратено до медиумите.
„Имаме постојани контакти и можам да кажам дека ниту јас не сум целосно задоволен. Но оној кој сака да се пробие на пазарот во Брисел треба да знае дека е потребно време, квалитетни луѓе и поголем тим. Ја замолив канцеларијата на Виена да ни помогне, а од таму ни рекоа дека ќе добиеме помош од нивната куќа. Замислете, Виена таму има куќа. Мислам дека во иднина треба кадровски да размислиме за оваа канцеларија и да не се откажуваме“, рече вчера Трајановски.
Во денешното соопштение тој потенцира дека средствата за одржување на Канцеларијата во Брисел не се 7.000 евра, како што објавиле медиумите, туку многу помалку.
„До 31 декември 2013 година месечно за работата на канцеларијата од буџетот на Град Скопје се издвојуваа околу 2.500,00 евра за плата и покривање на канцелариски простор и канцелариски трошоци, а од јануари 2014 година трошок е намален на 1.100,00 евра месечно, а канцеларијата своите активности ги продолжи во рамки на амбасадата на Република Македонија во Брисел“, се наведува во соопштението од Град Скопје, без притоа да се прецизира со колкави средства во финансирањето на Канцеларијата учествуваат останатите општини.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





