20 Април, 2024
0.0262

Трајковска-Ристовска: Жито Лукс ја зацврсти позицијата на пазарот

Објавено во: Економија, Интервјуа 28 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Довербата во брендот Жито Лукс ја подобруваме со создавање нови и креативни производи, но и бескромпромисност со квалитетот, вели во разговор за Фактор, Лидија Трајковска-Ристовска маркетинг менаџер во компанијата. Во годината што измина се соочиле со многу предизвици, а истовремено имале и многу новитети.

Трајковска-Ристовска: Бидејќи работиме со храна, бескомпромисно следиме процедури и стандарди кои се поставени на највисоко ниво. Но, исто така ги следиме и потрошувачките навики на традиционалните, но и на онаа категорија потрошувачи коишто следат модерни трендови и нутриционистички препораки. Овој дел е можеби најпредизвикувачкиот, затоа што зборуваме за многу различни потреби.

Компанијата промовираше многу нови производи, се фокусираше на иновации во работењето. Кои беа предизвиците, но со што практично ја зголемивте понудата?

Трајковска-Ристовска: Пласиравме производи што се пред сè новина на нашиот пазар, а тренд во светот особено во сегментот на исхрана со повисока нутритивна вредност. Тука се 100 проценти интегралните бисквити, кои се со уникатен состав и вкус; 100% интегрален леб со прoбиотик – уникатен и единствен на пазарот; 100% ржан леб и сл. Дополнително, го освеживме скоро цел асортиман лансирајќи нов дизајн на пакувањата. И сето ова, во најголем дел, беше проследено со соодветна комуникација за потрошувачи. Нашата позиција на пазарот се зацврсти и дури во извесни сегменти се зголеми. Така што, годината што измина направивме многу, а тоа ни дава одлична стартна позиција за следната година и секако постигнување поголеми цели и надминување на постигнатото.

Компанијата е фокусирана на потрошувачите, тие се директните консументи – каков спој правите со потребите на луѓето од една страна и модернизацијата на работењето од друга?

Трајковска-Ристовска: Веруваме дека имаме создадено добра основа за консументите да ни веруваат. Како што споменав, ги следиме потребите и барањата ина нашите долгогодишни потрошувачи, но, во исто време, ги истражуваме и слушаме барањата на една цела нова генерација. Една од нашите најголеми вредности како компанија со долгогодишна традиција, е тоа што неуморно работиме за да го доставиме ветеното: врвен квалитет во секое поле на работењето. Нашито фокус е кон создавање на функционален спој на традиција и модернизација, иновација и знаење.

Брендот Жито Лукс е еден од најпознатите во земјава. Како се позициониравте на пазарот, како се наметнувате и како гледате на пазарот воопшто?

Трајковска-Ристовска: Станува збор за еден од најконкурентните сегменти на пазарот. Работиме со прехранбен производ и со потрошувачи буквално од сите категории, профили и генерации и тоа според сите демографски поделби и потрошувачки навики. И сето ова е секој ден. Довербата ја оправдуваме и стекнуваме со бескомпромисност кон квалитетот и стандардизација на истиот. А понатаму кога веќе ја изградивме и зацврстивме довербата во нас како компанијата со голема традиција, искуство и знаење, истата таа доверба во брендот ја прошируваме со создавање нови креативни производи и вкусови.

Кои се следните предизвици, какви таргети и планови имате за следниот период, во однос на работењето, производството, иновирањето?

Трајковска-Ристовска: Нашата примарна цел останува да ги исполниме очекувањана нашите потрошувачи во секоја смисла. Создадовме комуникација врз која се потпираме кога го насочуваме создавањето нов производ или подобрување на постоечки. Досега секогаш се покажало дека доколку навистина ги следите и слушате потрошувачите, нема да згрешите. Секако, се обидуваме и да иновираме и да понудиме нешто што никој не го очекува. Први, пред повеќе од 10 години лансиравме практичен леб на парчиња, идеален за тостови и сендвичи. Први воведовме продолжување на рокот на траење на лебот на природен начин, преку пастеризација. Имаме најголем избор на лебови со збогатена нутритивна вредност, за сечиј вкус. Се проширивме и во сегментот бисквити. Нашето брашно е убедливо број 1, а тоа се должи на врвниот и стандардизиран квалитет.

Надвор од ова, секоја година си поставуваме и друга цел, а тоа е да помогнеме на ова општество, оваа заедница да ја направиме подобро место. Тука ја гледаме нашата втора важна функција, општествено одговорна, свесна и ангажирана компанија која се грижи за заедницата од каде потекнува и каде и самата работи. Во оваа мисија изминатата година ја посветивме на подобрување на условите во бројни здравствени центри низ земјата со донации на апарати и опрема која што им беше потребна. Исто така, реализиравме многубројни донации за социјално загрозени семејства или поединци.

Приказната Жито Лукс трае веќе седма деценија. Кои нишки го детерминираа растот на компанијата во македонската прехранбена индустрија?

Трајковска-Ристовска: Како што веќе споменав, ќе сумирам:квалитетот на крајниот производ, бескомпромисниот однос кон квалитетот на суровините што ги користиме, постојаната активност во иновација на нови производи, модернизација на производството, имплементирање на неопходните сертификати во производните процеси, модернизација во пакување на производите и предводник во поставување нови стандарди. Сепак, морам да дополнам дека лидерската позиција и статус во македонската прехранбена индустрија е изградена со многу повеќе од наброените квалификации, тоа е исто така резултат на посветеност, на работа, поседување знаење и искуство во овој сектор. И се разбира, желбата да се постигне повеќе и да се направи подобро, што е присутна кај сите наши вработени. 


Можеби ќе ве интересира

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор