20 Април, 2024
0.0316

Трамп и Брегзит носат нови закани за финансиските регулативи

Објавено во: Анализа 10 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Европа ги помина годините по финансиската криза, градејќи систем од прописи, со кои се ограничуавше преземањето на ризици од банки и други финансиски институции. Последните тули на овој систем се речиси поставени, но два фактора се закануваат да го уништат: Доналд Трамп и Брегзит, коментира уредникот на Wall Street Journal за Брисел Стивен Фидлер.

Администрацијата на Трамп го предизвика поставувањето на две релевантни прашања. Дали ќе преземе агресивна дерегулација на финансискиот систем, оставајќи исклучително различни регулаторни режими од двете страни на Атлантикот? И ако тоа се случи, дали ќе се откаже од напорите за меѓународната соработка?

Брегзит исто така ја засилува несигурноста, најмалку поради последиците како резултат на излегувањето на Лондон - финансиската престолнина на Европа, од Европската унија (ЕУ) и незадолжителното поврзување на нејзините финансиски институции со регулативите на ЕУ.

Трамп јасно изјави дека верува оти Американците се третирани полошо во трговијата со други земји. Неговите советници очигледно мислат дека европските банки добиваат неправедни предности пред американските конкуренти.

Греј Најт, виш советник за економија на Трамп, изјавил во интервју за WSJ минатата недела дека американските банки се наоѓаат „во силно неповолна позиција, особено во однос на европските банки“, како во голема мера тоа се должи на поголемите капитални амортизери, чувани од банките во САД.

„Ги имаме најдобрите, највисоко капитализирани банки во светот и треба да го користи ова како наша конкурентска предност“, додал Најт. „Но, од друга страна имаме најсилно регулирано совладани банки во светот“.

Повеќето финансиски експерти велат дека Европа го отвора банките по кризата многу побавно од САД и сеуште има остатоци проблеми.

Европските банки тврдат дека важна причина зошто капиталните соодноси им се под оние на американските колеги е дека тие не можат да ги продадат хипотеките кои имаат потреба од капитал на финансирани претпријатија од државата , како што го прават американските банки. А и ако се разгледа успехот на американските банки во однос на водечките европски единици за инвестициско банкарство, ништо не укажува дека тие трпат големи конкурентни недостатоци.

Не е јасно како администрацијата на Трамп ќе ја исполни својата желба за дерегулација. Извршната наредба од минатата недела за регулациите во финансискиот систем беше толку нејасна, вели претставник на ЕУ оваа недела што сеедно е дојдена од некој од политичарите на самиот блок. Нешто повеќе, има прекумерни прописи во САД, кои може да бидат намалени, без да се предизвикуваат меѓународните норми.

Но ако новата администрација на САД навистина се фиксира на регулациите и ублажување на банките , ЕУ ќе се соочи со сериозен избор: ќе го направи ли истото или ќе тргне по свој пат? И што ќе се случи со меѓународните напори во Базел и на други места за обезбедување на еднакви меѓународни услови за финансиските институции?

Европските стравувања на оваа тема се истакнуваат од последното писмо до претседателот на Федералните резерви Џенет Јелен од републиканецот Патрик МакХенри, вицепредседател на Комисијата за финансиски услуги во Претставничкиот дом.

Во него тој го става под прашање континуираното учество на ФЕД во меѓународни форуми, координативни меѓународни финансиски регулативи, кои во минатото „нечесно казнувале во САД финансиски систем во области како банкарски капитал, осигурување, деривати, системски ризик и управување со средства“.

Некои веќе тврдат дека знаат како ќе реагира Европа. „Она што САД го прават, остатокот од светот го прави три години подоцна“, вели Хозе Марија Ролдан, поранешен централен банкар, кој сега раководи Шпанската банкарска асоцијација, на конференција во Брисел оваа недела.

Надвор од трансатлантските неизвесности не е јасно и каква насока ќе избере Британија по Брегзит. Во преговорите со блокот Британија најверојатно ќе се обиде да ги приоритизира пристапот до финансиските пазари во останатиот дел од ЕУ. Овој курс ќе ја ограничи способноста на земјата да дерегулира агресивно, бидејќи ќе треба строго да ги почитува правилата на ЕУ.

Британија сепак може да одлучи да се земе поагресивен дерегуларативен пристап да се конкурира на ЕУ, предлагајќи полесен регуларен режим за пријавување на компании кон градовите. Дури и ако побара привилегиран пристап до ЕУ, преговорите околу новите односи со блокот може да пропаднат и да се направи оваа цел несфатлива.

Има и други ризици пред ЕУ. Отсекувањето на блокот од Лондон и исклучително конкурентните финансиски кластери - одговорниза поголемиот дел од европската валута за тргување, деривати и други инструменти - носи ризик од зголемување на цената на капиталот за претпријатијата на ЕУ.

Нешто повеќе, голем дел од стратегијата на ЕУ за намалување на големата зависност на Европа од банките - планот за т.н.. Сојуз на пазарите на капитал - е фокусирана на идејата преку Лондон да се зголеми користењето на финансиските пазари за зголемување на капиталот.

Европа се соочува со предизвици. А новите пристапи од другата страна на Атлантикот и Ламанш претставуваат предизвици и пред глобалните финансии. Можеби меѓународните капитални текови ќе преживеат без потреси, додека политиката се прилагоди на новата динамика. Во спротивно може да видиме поголема фрагментација на глобалниот финансиски систем, истакнето враќање кон пазари, поделени по национални или регионални линии и многу неефикасна алокација на капиталот - оставајќи ја на тој начин Европа и светот посиромашен.