ТРАМП СО НОВА ГОЛЕМА ПОБЕДА: Врховниот суд во САД ја укина забраната за отпуштања од понискиот суд
Објавено во: Свет 15 Јули, 2025 15:25
Врховниот суд на САД денеска ја укина привремената забрана од понискиот суд и одобри спроведување на масовни отпуштања во Министерството за образование, по иницијатива на администрацијата на претседателот Доналд Трамп.
Со шест гласови „за“ и три „против“, Судот ја поддржа жалбата на администрацијата на Трамп за суспендирање на наредбата на окружниот суд, која бараше враќање на работа на околу 1.400 отпуштени вработени.
Одлуката овозможува продолжување на процесот на реорганизација на агенцијата додека трае правниот процес, објави Си-Ен-Ен.
Либералните судии се спротивставија на одлуката, а судијката Соња Сотомајор во своето издвоено мислење оцени дека судството има обврска да спречи „незаконски“ потези од извршната власт.
Трамп ја поздрави пресудата како „голема победа за родителите и учениците низ целата земја“, нагласувајќи дека федералната контрола врз образованието треба да се намали во корист на државите.
Како дел од обидите за намалување на големината на федералната влада, Трамп годинава потпиша извршна наредба со која наложи затворање на некои функции на Министерството за образование и отпуштање на 1.378 вработени – околу една третина од вкупниот кадар.
Според експерти, ако администрацијата го добие случајот, промените би можеле да имаат трајни последици врз образовниот систем во САД, но Трамп е уверен дека оваа насока е во најдобар интерес на родителите и децата.
Извор: Република.рсМожеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




