ТРАМП ЗБЕСНА ПО ПОРАЗОТ ОД ХЕЈЛИ ВО ВАШИНГТОН: Ја навредуваше со прекарот „Птичји мозок“, а Бајден го нарече „корумпираниот Џо“
Објавено во: Свет 04 Март, 2024
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп беснееше на
ривалката Ники Хејли и ја минимизираше нејзината победа на републиканските
внатрепартиски избори во Вашингтон, пренесува Newsweek.
Ова гласање во главниот град на САД носи 19 делегати од 1.215, што е минимум потребен за кандидат да ја добие претседателската номинација на Републиканската партија.
Поранешниот шеф на Белата куќа уште еднаш ја нарече Хејли, поранешната американска амбасадорка во ОН, која беше назначена на таа позиција од неговата администрација, „Птичји мозок“.
- „Птичјиот мозок“ е губитник, имаше рекордно ниски резултати буквално во секоја сојузна држава. Уживам додека го гледам „Птичјиот мозок“ како се откажува од нејзиното ветување на Републиканската национална конвенција и нејзината изјава дека никогаш нема да се кандидира против претседателот Трамп („Големиот претседател“). Па, се кандидираше за функција, излажа и доживеа огромен пораз, напиша Трамп на својата социјална мрежа Trut Social.
Поранешниот претседател на САД најави дека „навистина големи бројки ќе пристигнат и на „Супер вторник“, мислејќи на републиканските внатрепартиски избори што се одржуваат утре во 15 сојузни држави и Американска Самоа, територија на САД.
– Исто така, доаѓа крајот на корупираниот Џо, заклучи Трамп, користејќи ја навредата што ја употребува за актуелниот демократски претседател Џо Бајден.
ФОТО: EPA-EFE/JIM LO SCALZO