26 Ноември, 2024
0.0266

Трансформативната моќ на ЕУ се чувствува и низ процесот на пристапување

Објавено во: Економија 15 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Во период на глобални предизвици, Европската Унија важи за симбол на трансформација и напредок. Членството за Македонија нема да биде само формален процес кон една политичка и економска заедница, туку ќе има длабоко влијание во речиси сите делови на општествениот живот.

Со влезот во Унијата, Македонија ќе се отвори кон огромен и интегриран економски пазар од над 500 милиони потрошувачи. Отстранувањето на трговските бариери и усвојувањето на европските стандарди, дополнително ќе ја подобрат бизнис климата и економскиот раст на земјата. Членството само по себе значи и спроведување на сеопфатни политички и правни реформи, како и реформи во јавната администрација. Во пошироки размери, да се биде дел од ЕУ значи и стабилност и безбедност. Трансформативната моќ на членството во ЕУ има свои опипливи примери кои го покажуваат длабокото влијание врз земјите-членки.

Преку процесот на пристапување во ЕУ и на македонските креатори на политики на располагање им се ставаат голем број на алатки кои го олеснуваат транспонирањето на европското законодавство, а преку тоа и пренесувањето на европските вредности дома. Секоја земја-членка има придобивки од членството во ЕУ, без разлика колку економски или политички била развиена пред нејзиното пристапување во Унијата.

Придобивките не се чувствуваат само по членството, туку во текот на целиот процес на пристапување. Преку сеопфатно прикажување на трансформативните ефекти, може подобро да се разбере улогата што ЕУ ја игра во поттикнувањето на стабилноста, развојот и соработката меѓу нејзините земји-членки и кандидатки. Во оваа анализа издвојуваме неколку примери како земјите-кандидатки целосно имаат сменето аспекти од општественото уредување во позитивна насока и благодарение на процесот на пристапување во Унијата.   

Економски просперитет: Примерот со Естонија

Естонија, некогаш дел од Советскиот Сојуз, денеска е успешна приказна во ЕУ. Откако стана членка во 2004 година, земјата доживеа извонреден економски раст. Европскиот пазар ја олесни трговијата, привлекувајќи странски инвестиции и поттикнувајќи го претприемништвото. Естонскиот БДП по глава на жител е речиси тројно зголемен, што најдобро ја покажува способноста на Унијата да го катализира економскиот просперитет.

Естонија важи и за предводник на дигитализацијата во Европа и е препознаена како едно од најнапредните дигитализирани општества во светот, фокусирано пред сè, да обезбедува и целосни он-лајн јавни услуги за своите граѓани.

Мир и стабилност: Француско – германското пријателство

Основачкиот принцип на ЕУ беше промовирање на мирот и стабилноста по двете светски војни. Продлабочувањето на соработката меѓу Франција и Германија, земји кои се сметаа за вечни непријатели, е пример за оваа трансформативна моќ.

Членството во Унијата создаде нови односи меѓу двете земји, и ја зголеми соработката, пред сè, во економијата. На овој начин, непријателите се претворија во сојузници, придонесувајќи за помирен и постабилен економски континент.

Еколошки напредок: Зелената транзиција на Шведска

Посветеноста на Шведска за одржливост на животната средина беше забрзана со членството во ЕУ. Пристапот до заедничките политики и механизмите за финансирање на ЕУ и овозможи на Шведска да спроведе амбициозни зелени иницијативи.

Од инвестиции во обновливи извори на енергија до строги регулативи за заштита на животната средина, Шведска важи за пример и се смета за еколошки патоказ во ЕУ.

Културна размена: Еразмус програма

Програмата Еразмус која важи за една од водечките иницијативи на ЕУ, го трансформираше животот на милиони студенти. Со промовирање на културни размени и академска соработка, програмата создаде генерации на отворени и меѓународно свесни поединци.

Отвори врата за многу млади луѓе да студираат во други држави и да се запознаат со нови јазици и култури. Оваа културна интеграција поттикнува единство и разбирање, надминувајќи ги границите и промовирајќи го европскиот идентитет. 

Во македонски контекст, интеграцијата ќе им понуди шанса на младите да учествуваат во различни програми за млади, иновативни и културни фондови финансирани од ЕУ и тоа ќе им даде шанса да ги прошират своите хоризонти и да научат за различни култури и перспективи, што може да придонесе за поттикнување на разбирањето и соработка преку границите, што е клучно за овој регион да ги надмине стигматизациите за едни кон други и да се фокусира на заедничка европска визија.

Подобрување на судскиот систем: Хрватска

Членството во ЕУ се покажа како катализатор за трансформативни промени и во делот на судскиот систем, креирајќи го курсот на државите кон поголема заштита на правда, еднаквост и достоинство.

Влезот во ЕУ, во Хрватска поттикна позитивни промени во судскиот систем, пред сè, преку усогласување со европските правни стандарди, воспоставување на нови надзорни тела и зголемување на судската независност. Дополнително, пристапот до европските судски институции, и надзорот врз тоа како се трошат европските пари, ја зголеми транспарентноста на домашните институции, го намали нивото на криминал и корупција и го зајакна хрватскиот судски систем. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво