ТРЕБА ЛИ ДА СЕ ПЛАШИМЕ ОД ЧЕТВРТИОТ БРАН - Шеклер вели дека во Србија наесен се можни и 4.000 заразени дневно, но Кон не се согласува
Објавено во: Балкан 01 Јули, 2021 10:20
Токму кога бројот на заразени со вирусот корона во Србија на дневна основа се сведе на две цифри, во време кога земјата се враќа во нормален живот, а најголемиот дел од ковид 19 се смета како минато, д-р Миланко Шеклер, вирусолог и микробиолог од Ветеринарниот институт во Краљево изјави за РТС дека вирусот корона повторно ќе ги „најде сите луѓе“ во наредниот период и дека само вакцинираните ќе бидат заштитени.
Според Шеклер, би било логично оваа есен да има околу 4.000 новоинфицирани лица на ден во Србија, што е половина од бројките што таа држава ги имаше за вбреме на претходниот пик.
Шеклер рече дека стапката на вакцинирање се заглави на 48 проценти, кажувајќи на шега дека граѓаните на Србија, како и во спортот, се склони прво да го преземат водството, а потоа да изгубат.
„Застанавме кај работоспособното население, кај помладите, за кои рековме дека не се приоритет за вакцинација, што е точно. Сепак, времињата се променија, постарите и ранливи групи го завршија својот дел од работата, сега треба да се свртиме кон помладите. Луѓето кои не биле вакцинирани, стануваат резервоар на вирус во кој тој може да се ширират и да си биде безбеден. Ние вакцинираните сме му голем проблем, но тој ќе оди од невакцинирани во невакцинирани“, рече д-р Шеклер.
Д-р Предраг Кон, член на Кризниот штаб за сузбивање на заразни болести, не се согласува со предвидувањата на Шеклер. Тој вели дека 4.000 е „зголемена“ бројка, но не негира дека бројот на заразени лица може да надмине 1.000.
„Можеме да кажеме дека имаме мирна ситуација, која ќе ја имаме во текот на летото, но со вакво однесување, не е невозможно бројот на заразени да почне да се зголемува и пред есента, но не очекувам да бидат значајни. Тоа е невозможно, или тоа би значело дека се појавил сосема нов вирус“, рече Кон во „Нови дан“ на ТВ N1.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





