Добивај вести на Viber
Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат алармантен тренд. Имено, заклучно со првиот квартал од годинава статистика објави дека во однос на лани истиот период, бројот на склучен бракови е зголемен за 12,1% додека бројот на разведен бракови пораснал за 20.5%. Овој тренд, според социолозите е последица на повеќе фактори, меѓу кои и економската бесперспективност во земјава.
Разводот – под притисок на политичко-економската неизвесност…
Во првите три месеци од годинава во земјава биле склучени 2 760 бракови. Од друга страна, во истиот анализиран период бројот на разводи изнесувал 664. Статистичките мерења покажуваат дека во првиот квартал од годинава во споредба со истиот лани, бројот на склучени браков е зголемен за 12,1% додека бројот на разводи е во пораст со 20,5%. Според социолозите, повисоката стапка на раст на разводи во однос на склучени бракови упатува на негативен тренд кој пред се е резултат на влошената политичко-економска состојба во земјава.
“Овие показатели би рекол дека може да се толкуваат како последица на вкупниот политички и економски амбиент во земјава. Бракот се склучува во стабилна економска и политички состојба, истите тие фактори влијаат и врз разводите. Сега на пример имаме склучување на бракови во една ризична, непредвидлива и кревка ситуација, во која исто така е очекувано да се зголеми и бројот на разводи“, вели социологот Славе Младеновски.
Податоците од државниот Завод за статистика обелоденуваат и неколку други состојби. Расте бројот на разводи и во руралните места. Така на пример во Градско биле склучени 11 бракови а разведени 12 брачни партнери. Во Демир Капија биле склучени три а разведени два брака во првиот квартал од 2016 година.
“Вообичаено и во согласност со нашата традиција, во руралните средини, односно помалките градови има и помал број на разводи. Но голем број на фактори веќе ја менуваат оваа слика. Тука пред се упатувам на миграцијата, луѓето с еотселуваат, не мора во странство, туку може и од помалите места во поголем град, па така руралните средини остануваат претежно со или премногу младо или премногу старо население. Главно се се сведува на економската и политичката состојба во која се намалува борјот на млади кои сакаат да живеат во еден ваков неизвесен амбиент, свесни за последиците. Вообичани, причина за растот на бракови и забавување на бројот на склучен бракови се епидемии, војни, болести, но кај нас како фактор влијае неизвесната политичка и економска состојба“, објаснува социологот Младеновски.
Во некои градови, повеќе разводи од склучени бракови …
Ако се направи компаративен сооднос меѓу склучените и разведените бракови во првото тромесечје од годинава, тогаш се добива дека на секој четврти склучен брак, има по еден разведен. Овој сооднос во истиот анализиран период од 2014 година во споредба со 2013 година бил на пет склучени бракови, по еден разведен, што упатува на тоа дека годинава состојбата е влошена.
Заклучно со март, во апсолутни бројки најголем број на склучени бракови има во Скопје 582 каде во исто време има и 173 разводи. Според бројот на склучени бракови, по Скопје се Тетово, Гостивар, Чаир, Куманово, Прилеп. Од друга страна, пак податоците покажуваа дека на Пример во Прилеп на секој терти склучен брак има по еден развод. Најалармантен е соодносот во Битола, каде на еден склучен брак има скоро по еден развод.
“За еден брак, според досегашните социолошки мерења, најкрични години се сметаат првите три, а потоа следната “брачна криза“ е на седмата година. Дури по овој период следува постабилен брак, во кој генерлано се смета дека има надминување на проблемите. Но, одржливоста на бракот, од социолошки аспект е детерминирана од повеќе фактори. За брачните партнери важна е психолошката состојба, економскиот статус и секако условите за достоинствен живот“
Според податоците, бракот во 2015/2014 година траел од пет до девет години.Социолозите упатуваат дека уште еден фактор кој влијае врз растот на бројот на разведени парови е еманципацијата на жената. Имено, според сите додегашни студии расте бројот на пријавени случаи на семејно насилство врз жените, што се толкува како резултат на охрабрувањето на жената да се соочи со проблемот но и да бара решение за него.