27 Јули, 2024
0.0344

ТРЕНДОТ НА ПОСКАПУВАЊЕ НА СТАНОВИТЕ УСПОРУВА: Еве што покажуваат најновите податоци на Народна Банка

Објавено во: Економија 07 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Како да нема крај на зголемувањето на цените на становите во Македонија. По бројните написи дека цените на недвижностите растат со забрзано темпо, очекувањата беа дека ќе настане делумна стабилизација.

Сепак, најновите податоци на Народна банка покажуваат дека и во третиот квартал од годинава, цените на становите и понатаму се зголемувале, иако не со висока стапка од 20 проценти како што имавме минатата година, сепак и последниот регистриран раст од 11 проценти не е за потценување.

Имено, иако оваа стапка е најниска, по серија од високи стапки кои достигнуваа и 18 и 20 проценти, сепак, е показател дека и понатаму цените растат. Но, она што зачудува и загрижува е фактот што сега имаме поскапување на цените од 11 проценти на годишно ниво, а претходната година во истиот период цените на недвижнините се зголемиле за 21,3 отсто.

Табелата која ја изработува Народна банка покажува дека поскапувањето на станбениот квадрат започнал уште во четвртиот квартал од 2021 година кога исто така цените рипнале за 11,3 отсто.

Но, највисоките стапки на поскапување се регистрирани во третиот и четвртиот квартал од 2022 година, кога како што споменавме имало поскапување од 21,3 отсто во третиот, и 20,6 проценти раст во четвртиот квартал. Висок раст на цените на становите Народна банка регистрирала и во првиот квартал од 2023 година кога становите поскапеле за 20,6 отсто.

Потоа се забележува дека поскапувањата полека почнуваат да се намалуваат, но сепак имаме солиден раст на цените на недвижнините.

Иако и понатаму има раст на цените на недвижнините, сепак упатените велат дека достигнат е максимумот и дека доправа не треба да се очекува раст на цените.

-  По ланскиот бум, од почетокт на годинава се забележува дека растот забавува. Овој раст се должи на растот на цените на градежните материјалите, но и на растот на платите на работниците. Сметаме дека нема да продолжи поскапувањето, не не очекуваме ниту намалување на цените – вели нашиот соговорник од областа на продажба со недвижнини.

Како претставник на агенциите за посредување при купопродажба истакнува дека иако делува дека Скопје е преплавено со станови, интересот за купување стан во главниот град не стивнува. Посочува дека како и досега, продавањето на становите зависи од локацијата и од цената, но притоа нагласува дека и понатаму прво се продаваат становите поблиску до центарот на градот, а потоа оние кои се подалеку.

П.О. 

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ ДЕНЕС НА РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ: Лукаревска ја прекина седницата, истата ќе продолжи утре

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ ДЕНЕС НА РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ: Лукаревска ја прекина седницата, истата ќе продолжи утре

ИНДУСТРИЈАТА ЗА ЛУКСУЗНИ ПРОИЗВОДИ ПОКАЖУВА ЗНАЦИ НА КРИЗА: Колку познати брендови ќе исчезнат за пет години?

ИНДУСТРИЈАТА ЗА ЛУКСУЗНИ ПРОИЗВОДИ ПОКАЖУВА ЗНАЦИ НА КРИЗА: Колку познати брендови ќе исчезнат за пет години?

ЕВЕ КОЈ ДЕЛ Е НАЈПРОБЛЕМАТИЧЕН ВО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО - ОХРИД: И покрај проблемите, ќе биде изграден до 2026 година

ЕВЕ КОЈ ДЕЛ Е НАЈПРОБЛЕМАТИЧЕН ВО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО - ОХРИД: И покрај проблемите, ќе биде изграден до 2026 година

КОЈА Е ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌААТ СКОПЈАНИ ЗА ПАРНО? Еве кога ќе се дознае износот

КОЈА Е ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌААТ СКОПЈАНИ ЗА ПАРНО? Еве кога ќе се дознае износот

КОМПАНИЈАТА ВИНОВНА ЗА ОГРОМНИОТ ПАД НА СИСТЕМОТ, НА РАБОТНИЦИТЕ ИМ ДАЛА ВАУЧЕРИ ОД 10 ДОЛАРИ: И тие не работеле!

КОМПАНИЈАТА ВИНОВНА ЗА ОГРОМНИОТ ПАД НА СИСТЕМОТ, НА РАБОТНИЦИТЕ ИМ ДАЛА ВАУЧЕРИ ОД 10 ДОЛАРИ: И тие не работеле!

ГОРДОСТА НА ГЕРМАНИЈА НА КОЛЕНА: 30.000 работници останаа без работа - евидентирана загуба од над една милијарда евра

ГОРДОСТА НА ГЕРМАНИЈА НА КОЛЕНА: 30.000 работници останаа без работа - евидентирана загуба од над една милијарда евра

НЕМА ЛУЃЕ ЗА МЕНАЏЕРСКИТЕ ПОЗИЦИИ ВО ФАБРИКИТЕ: Производителите се соочуваат со големи проблеми

НЕМА ЛУЃЕ ЗА МЕНАЏЕРСКИТЕ ПОЗИЦИИ ВО ФАБРИКИТЕ: Производителите се соочуваат со големи проблеми

ПРОФЕСОР ТРАЈКОВСКИ: Македонска компанија се подготвува да дебитира во областа на „зелениот“ водород

ПРОФЕСОР ТРАЈКОВСКИ: Македонска компанија се подготвува да дебитира во областа на „зелениот“ водород

МИЦКОСКИ ЛИЧНО ГО БИРА РАКОВОДСТВОТО НА ЕСМ И РЕК БИТОЛА: Лично сум фокусиран во изборот на кадри

МИЦКОСКИ ЛИЧНО ГО БИРА РАКОВОДСТВОТО НА ЕСМ И РЕК БИТОЛА: Лично сум фокусиран во изборот на кадри