Трета традиционална средба на македонските дипломци од Универзитетот Шефилд
Објавено во: Мои пари 24 Ноември, 2015
Истакнати професори, експерти, доктори на науки, претставници од корпоративниот сектор во земјава, сите дипломци од Универзитетот Шефилд а и оние што своето знаење го стекнале на Академијата за Менаџери, се собраа на третата традиционална Alumni средба во Скопје. На средбата беше присутен и дел од образовниот кадар на Меѓународниот Факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ од Солун, како и директорот на СИТИ Колеџ, г-дин Јанис Верверидис.
[gallery ids="187723,187722,187721"]„Годишната средба на алумни е само продолжување на она што го иницираме како практика и активен ангажман уште во текот на образовниот процес, односно инволивирање на сите расположливи ресурси во подобрување на заедницата и помаѓање за економски просперитет. Со комуникацијата, воспоставувањето на деловни врски, размена на информации и поврзување, ги надминуваме границите на обична средба. Нашите дипломци и постидипломци се комплетно посветени на оваа мисија и на секој можен начин се ангажираат на реализирање на разни цели. Тоа значи дека вредностите кои ги пренесуваме, самомотивирање и проактивност, се трајно прифатени и се реализираат токму преку овие годишни собири“, изјави директорот на СИТИ Колеџ, г-дин Јанис Верверидис.
[gallery ids="187720,187719,187718"]Средбата на алумни се одржа само еден ден по Церемонијата на дипломирање што ја следеше истата академска процедура како на Универзитетот Шефилд во Обединетото Кралство. Строгото следење на традицијата, протоколите и поставената авторитетна хиерархија се основите врз кои е изградено престижното реноме на овој Универзитет. Беспрекорниот квалитет на едукативниот систем и резултатите кои студентите ги постигнуваат по стекнатото образование, единствените и иновативни едукативни методи, специфична имплементација на теоријата во пракса како и развивање на исклучителни академски и индивидуални вредности го издвојува Меѓународниот Факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ од Солун. Универзитетот Шефилд е еден од ретките чии дипломирани студенти уживаат можности за вработување во сите земји низ Европа и целиот свет!
[gallery ids="187717,187716,187715"]Академија за Менаџери како административна единица на СИТИ Колеџот во Скопје, веќе три години локално имплементира образовни програми на постдипломско ниво.
[gallery columns="4" ids="187713,187712,187711,187710"]На Меѓународниот Факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ, досега се образувале повеќе од 900 дипломци од Македонија на додипломските, постдипломските како и постдипломските програми на извршно ниво. Моментално има околу 120 активни студенти на сите програми.