Третата спасувачка програма за Грција крие ризици за кариерата на Меркел
Објавено во: Балкан 16 Август, 2015 10:41
Следната недела авторитетот на германската канцеларка Ангела Меркел ќе биде ставен на сериозен тест. Таа мора да им помогне за договорот за третата спасувачка програма на Грција пред скептично настроените пратеници во Бундестагот, пишува „Financial Expert“.
Самата програма пак може да биде сериозен тест за политичката кариера на Ангела Меркел, откако анкетите покажаа и дека повеќето Германци не ја поддржуваат идејата да и бидат давани повеќе пари за Атина.
Според изданието нема опасност германскиот парламент да ја отфрли програмата - а за неа ќе гласаат Соицалдемократите (SPD) и Зелените. Во претходното гласање по предлогот за трета спасувачка програма за Грција сепак рекорден број пратеници - 65, од конзервативната партија на Меркел се спротиставија на нејзиниот предлог да го поддржат почетокот на преговорите.
Предвидувањата на германските медиуми се дека сега е уште поголем бројот на пратеници кои ќе гласаат против барањето на својот лидер. Дебатите се закажани за 9 часот по локално време (10 часот) во средата.
Ангела Меркел ја одложи посетата во Милано, при што беше планирана средба со италијанскиот премиер Метео Рензо, закажана за во вторник, за да лобира во партијата за поддршка на грчката програма. Во средата наутро таа мораше да патува и за Бразил, но го одложи заминувањето неколку часа за да присуствува на седницата на пратениците, дополнува весникот.
Потсетуваме дека во петокот грчкиот парламент со големо мнозинство ја изгласа новата спасувачка програма за земјата. Против неа сепак се спротивставуваа голем број од пратениците на премиерот Алексис Ципрас и сега тој ќе мора да бара начин да ја задржи власта.
Договорот, чија вкупна вредност е 86 милијарди евра, беше одобрен и на вонредната седница на Еврогрупата и сега се чека само „зелено светло“ од неколку национални парламенти на држави во еврозоната, за да стапи во сила. Ако тоа се случи, Атина ќе добие уште на 20 август 13 милијарди евра, за да ги отплати обврските со рок на достасување до август и септември, како и мостов заем добиен во јули.
Во септември Грција ќе добие и уште 13 милијарди евра во форма на прва транша од новата спасувачка програма. Третата програма за Атина беше договорена по 17-часовни преговори помеѓу лидерите на земјите од еврозоната, која се одржаа во ноќта на 12 јули.
Тогаш по социјалните медиуми брзо доби на интензитет хаштаг, според кој барањата на доверителите, особено на Германија, се обид за државен удар во Грција и цел за падот на Ципрас од власт.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




