Третина од Македонците живеат со 100 евра месечно
Објавено во: Економија 22 Јуни, 2016 09:19
Речиси 30 одсто од домаќинствата во Македонија месечно располагаат со околу 100 евра. Нивен главен извор на приходи се пензиите, социјалната помош и дознаките од странство.
Овие податоци ги покажа најновата анкета на „Потрошувачката во домаќинствата во 2015“, која ја објави Заводот за статистика.
Анализата, покажува дека разликите во расположливите средства на домаќинствата изнесуваат и повеќе од 11 пати и дека само 6,3 одсто од анкетираните домаќинства можат целосно да ги задоволат месечните животни потреби.
Спорeд анкетата на Заводот за статистика, повеќе од 56 000 домаќинства годишно располагаат со 1278 евра, или само со 106 евра месечно.
Оваа група на домаќинства е практично најсиромашна, а анализата на изворот на расположливи средства покажува дека само 14,8 средства се остваруваат од работен однос, додека 44,4 одсто потекнуваат од пензии, а 14,5 проценти од социјална помош.
Наспроти оваа категорија, најбогатите македонски домаќинства годишно располагаат со 14.555 евра, или 1.212 евра месечно, што е безмалку 12 пати повеќе во однос на најсиромашните домаќинства.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд




