Третиот бран на коронавирусот би можел да биде најлошиот досега
Објавено во: Свет, Корона Вирус 26 Март, 2021
Третиот бран на коронавирусот би можел да биде најлошиот досега.
Директорот на германскиот Институт „Роберт Кох“, Лотар Вилер вели дека е можно дневно да имаат до 100.000 нови случаи. Бројот на нови потврдени инфекции со коронавирусот во Германија скокна во последните неколку седмици. Бројот на нови случаи во Германија денеска порасна за 21,573, а во последното деноноќие како последица на коронавирусот починаа 183 лица. Министерот за здравство, Јенс Шпан изјави дека Германија е во завршната фаза од „пандемискиот маратон“, но предупреди дека здравствениот систем би можел да ја достигне својата граница во април. Шпан истакна дека во понеделник на сила ќе стапи задолжителното доставување на негативен тест на коронавирусот за сите патници на авиокомпаниите кои влегуваат во Германија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.