16 Јануари, 2025
0.0271

Најатрактивен бизнис во Македонија е трговијата, а најстабилен, да имаш болница или да продаваш струја!

Објавено во: Економија 27 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Доколку се анализира профилот на компаниите кои се отвораат во Македонија, ќе се види дека се уште најлесно е да се отворат фирми кои работат со трговија, иако истите имаат најголеми шанси да пропаднат. Државната статистика, за најстабилни бизниси ги прогласи оние од областа на здравствена и социјална заштита и енергетика. Во Македонија се уште најмногу се отвораат трговски фирми. Иако најновите податоци на Државната статистика се за 2011 година тие, сепак ја покажуваат реалната економска слика, а тоа е дека во земјава малите бизниси се уште се поатрактивни наместо отворање на производствени погони. Па така, само за една година биле отворени близу 7.000 фирми, од кои најмногу се со основна дејност трговија на големо и мало и други услужни дејности. Парадоксално но, и кога станува збор за згаснати фирми, како најбројни се покажуваат исто така трговските фирми. Во кризната 2009 година, дури 3000 трговски фирми биле затворени. Статистиката пресметала и дека фирми кои имаат најголема шанса да преживеат во земјава се од областа на здравствена и социјална заштита, енергетика и рударство. Најлесно се отвора ресторан и фирма за градење или транспорт Доколку се анализира профилот на компаниите кои се отвораат во Македонија, ќе се види дека се уште најлесно е да се отвори фирма од областа на транспорт и складирање, ресторани и градежништво. Ваквата практика, според експертите е особено изразена во време кога се заострени условите на банките за кредитирање. Поголемото производство бара повеќе средства, маректинг- истражувања, барање пазари, а банките се уште се строги за одобрување кредити за почетниците. Затоа и највозможна варијанта е отворање мал бизнис, а најлесен сектор е трговијата бидејќи за почеток и не треба голем капитал, сметаат експертите. Иако светска практика е да се почнува бизнис со трговија, особено во услужни дејности, сепак, кај нас овој тренд е обратно пропорционален на трендовите во високоразвиените земји, каде што прво се развила индустријата, па потоа услугите, како повисока фаза на производство. Дека услугите и трговија стануваат се поатрактивни дејности во Македонија, покажува и фактот што во периодот од 2005 до 2010 година, во секторот услужни дејности се вработиле 50.000 лица, а во производство 33.000. Соња Наумова

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања